31/03/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Алијансата за позитивна Македонија денеска ги презентира кандидатските листи за претстојните парламентарни избори кои синоќа ги поднесе до ДИК. Во првата изборна единица носител на листата е лидерот на партијата Љупчо Зиков, во втората прв е претседателот на главниот одбор Владо Бучковски, а третата изборна единица ја предводи пензионираниот генерал Илија Николовски, кој е претседател на коалициската Партија на […]
______________________________________________________________________________________________________
31/03/2014 08:45
•
Posted by: MK News
Македонија е ракометна сила во Европа. Покрај Металург, и Вардар обезбеди пласман во четвртфиналето од ЛШ, откако сензационално победи во Германија против Хамбург со 30:29. Кога Вардар е во прашање, ништо не е невозможно. И без најдобриот играч Тимур Дибиров, Вардар предизвика ракометен земјотрес во Европа, елиминирајќи го европскиот шампион Хамбург. Игор Караџиќ беше најефикасен […]
______________________________________________________________________________________________________
31/03/2014 08:30
•
Posted by: MK News
Наставниците Дарко Талески и Софија Грабулоска се победници на Глобалниот едукативен натпревар на Мајкрософт кој се одржа од 11 до 14 март во Барселона, информираа вчера од канцеларијата на Мајкрософт во Македонија. Талески, кој е наставник по ликовно, говореше за проектот “Ова е мојот глас” со кој учениците од неколку основни училишта во Прилеп преку […]
______________________________________________________________________________________________________
30/03/2014 14:15
•
Posted by: MK News
Според утврдените права и должности со Уставот и законите на Република Македонија, претседателот го определува мандаторот за состав на Владата на Република Македонија, ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Македонија во странство, ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници, склучува меѓународни договори во име на Република […]
______________________________________________________________________________________________________
30/03/2014 11:45
•
Posted by: MK News
Има 20 универзитети во Македонија, односно високообразовни институции, кои нудат многу можности за стипендирање и олеснување на плаќањето за студирање. За државните универзитети секаде важат истите правила, а приватните имаат слобода кога одлучуваат колку ќе им наплатат на студентите. Единствен што не е ниту јавен ниту приватен е Универзитетот на Југоисточна Европа, кој законски се […]
______________________________________________________________________________________________________
30/03/2014 10:15
•
Posted by: MK News
Ако сте биле во Охрид, а не сте пробале охридска торта значи не сте ги вкусиле сите убавини што ги нуди градот. Со овие зборови туристите и гостите го опишуваат познатиот охридски десерт, кој по уникатен рецепт се подготвува само во нашиот најголем туристички центар. Тие велат дека сочниот вкус на каремел, орев и чоколадо […]
______________________________________________________________________________________________________
30/03/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Шестгодишно дете од гостиварското село Топлица завршило во болница откако било нападнато од куче бездомник. Настанот се случил вчера попладне, јави ТВ Кисс. Како што соопштуваат од полицијата, кучето се нафрлило врз детето додека тоа се се возело со велосипед по селските улици. Го соборило на земја и го каснало на левиот колк. При падот […]
______________________________________________________________________________________________________
30/03/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, онака како што беше и очекувано, традиционално ќе ја предводи листата во изборната единица еден. Оваа изборна единица важи за лидерска, во која лидерите се борат за довербата од граѓаните. Но на овие избори тоа не е случај, бидејќи лидерот на СДСМ избега од соочување. Во двојката и овој пат на чело […]
______________________________________________________________________________________________________
30/03/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ ги поднесе до Државната изборна комисија листите со кандидати за пратеници во парламентарниот дом за сите шест изборни единици, или вкупно 120 кандидати за пратеници, соопшти партијата. – Како што веќе беше објавено по седницата на Централниот одбор на ГРОМ за носител на листата за ИЕ 1 ќе биде проф. д-р […]
______________________________________________________________________________________________________
30/03/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Демократската унија за интеграции (ДУИ) денеска до Државната изборна комисија (ДИК) поднесе листи на кандидати за пратеници за сите девет изборни единици, шест во Македонија и три во дијаспората. Првпат за овие парламентарни избори партијата има кандидати и за третата и за четвртата изборна единица. Носител на листата во првата изборна единица е Ермира Мехмети, а веднаш зад […]
______________________________________________________________________________________________________
29/03/2014 19:23
•
Posted by: MK News
Нано Ружин се откажа од листата на кандидати за пратеник на СДСМ иако претходно ја прифати кандидатурата. Еве што тој вели за својата одлука Почитувани пријатели демократи,сопартијци и коалициони партнери За да ги разјаснам сите можни манипулации од страна на медиумите блиски на власта сакам да ве инфомирам дека моето повлекување од листата во изборната […]
______________________________________________________________________________________________________
29/03/2014 11:30
•
Posted by: MK News
Се работи за ЗАФИР, човек роден во Шопско Рударе (Кратово), во маалата Грозданови, во близина на локалитетот Цоцев камен. Не е познато кога се родил и кога умрел, но дедо Савко Арсовски кажува дека живеел во „бугарско време“, некаде меѓу двете светски војни, пред 90-тина години. Пророштвата, вкупно 156, ги има собрано и запишано Стевче Доневски од Кратово, […]
______________________________________________________________________________________________________
29/03/2014 10:15
•
Posted by: MK News
Со разни камати, судски трошоци, извршителски награди, ДДВ и друго, долгот за парно на скопјанецот Коле десеткратно се зголемил кога дошол за наплата со задоцнување од 10-15 години. Извршителите очекуваат нов бран на масовна присилна наплата на стари сметки, зашто до нив не се доставени уште 100.000 тужени долгови, пишува Вечер За долг од 27.000 […]
______________________________________________________________________________________________________
29/03/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Е сега, веројатно ќе си речете, што па сега оваа? Е па јас сум родител на дете наречено 0,0001 процент, статистички број според Чакаларовски. Мојот син кој сега ќе има две години (и се разбира има свое име и презиме) како предвремено родено дете, според медицинските правила, со вакцинирањето започна по шестмесечна возраст. Веројатно такви […]
______________________________________________________________________________________________________
29/03/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Нови 10-ина заразени од мали сипаници се пријавени вчера, меѓу кои е и едно две и полмесечно бебе . На Kлиниката за инфективни болести моментно се хоспитализирани 12 заболени од морбили, меѓу кои е и бебето, а од јануари досега таму побарале помош 22 пациенти. Повеќето од заболените од морбили претходно не биле вакцинирани – […]
______________________________________________________________________________________________________
29/03/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Ресторанот, кој се гради во приземјето на Милениумскиот крст, ќе биде отворен за еден месец, информираат од ЈСП. – Додека не се донесе водата од новиот бунар, ќе се работи со техничка вода. Изведбата на ресторанот е при крај, а со него ќе стопанисува сопственикот на ресторанот „Воденица“, Стојан Филиповски – изјави Мишо Николов, директор […]
______________________________________________________________________________________________________
29/03/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Либералната партија се приклучи кон коалицијата на ГРОМ, информираа вчера претседателите Ивон Величковски и Стевчо Јакимовски. Лидерот на ГРОМ, Јакимовски, истакна дека придружувањето на Либералната партија е резултат на претходната соработка и на успехот на претходните локални избори. – Со оглед на нашата претходна соработка, а и на фактот што моите корени се од Либералната партија, констатирам дека […]
______________________________________________________________________________________________________
28/03/2014 20:11
•
Posted by: MK News
Сопственикот на порталот Мактел, Саше Политико, денеска објави дека ќе биде носител на изборната листа на партијата Народно движење за Македонија во третата изборна единица. Станува збор за партијата на Јанко Бачев, кој до сега немаше пратеници во македонското Собрание. Во продолжение ви пренесуваме дел од програмата на Саше Политико. – Намалување на ДДВ од […]
______________________________________________________________________________________________________