12/12/2013 14:25
•
Posted by: MK News
Половина Скопје не може да дише од загадувањата на индустриските капацитети лоцирани во некогашната скопска „Железарница“. Шест скопски населби од три различни општини се секојдневно загрозени од отровните емисии во воздухот од фабричките оџаци. Жители на Железара, Автокоманда, Гази Баба, Бутел, Чаир, Скопје Север, но и од цело Скопје затоа што тоа во воздушна површина […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2013 14:12
•
Posted by: MK News
Пратеникот од опозицијата Игор Ивановски, држејќи фотографија од новинарот Томислав Кежаровски и претседателот на советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, го праша премиерот Никола Груевски, кој ќе одговара за лажната донација на Самоил Малчевски. – Малчевски тврдеше дека тој и неговото семејство не дале ниту денар за кампањата на владејачката партија, иако во извештајот за […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2013 12:31
•
Posted by: MK News
Координираната инспекциска акција отстрани повеќе небезбедни производи: детски играчки и детска облека кои не се безбедни за користење. Децата повеќе нема од најрана возраст да знаат што е шлајка, ниту пак што е коњак во играта со џамлии бидејќи во земјава е забранета продажбата на џамлии. Според стандардите за безбедност на детски играчки, џамлиите не […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2013 12:24
•
Posted by: MK News
По неколкумесечно боледување почина Стојан Давчев, сопственик и генерален директор на фирмата ДАСТО и на Телевизија МТМ. Давчев е истакнат бизнисмен и менаџер, кој повеќе од 30 години успешно опстојува на територијата на поранешна Југославија, на Балканот, во Европа, Азија, Африка, САД и Канада. За својата работа и стручност има добиено многу награди, дипломи, благодарници […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2013 12:16
•
Posted by: MK News
Три случаи на заболени од свински грип се потврдени во лабораторија на Инфективната клиника. Како што информираа од Институтот за јавно здравје, станува збор за три лица од Тетово. Сите три се на 13-годишна возраст, но не се меѓусебно поврзани, јавува Канал 5 . – Кај тројца пациенти од Тетово е дијагностициран грип од типот […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2013 10:45
•
Posted by: MK News
Загадувањето на воздухот сериозно го разорува здравјето на граѓаните во земјава. Здравствените власти предупредуваат дека изминативе години е регистриран пораст на бројот на белодробни заболувања, на астма, на рак на белите дробови и на кардиоваскуларни болести. На Клиниката за пулмологија годишно се регистрираат над 750 случаи на новозаболени лица од рак на бели дробови. – […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Артефактите кои се од непроценлива вредност, а кои ги красат и македонските банкноти од 500 и од 1.000 денари се меѓу исчезнатите предмети од Музејот на Македонија, дознава „Дневник“. Станува збор за исклучително важни предмети кои немаат само археолошка вредност, туку и голема културно-историска важност за земјата со оглед на фактот дека биле издвоени како […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Од Министерството за труд и социјала велат дека никој нема да ги принуди родителите да ја купат храната од градинките, односно треба да направат процена колку време имаат во текот на денот што треба да го одвојат за готвење, т.е. за правилна исхрана на детето. Тогаш ќе знаат дали им е поисплатливо да ја купат […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2013 09:15
•
Posted by: MK News
„Македонија-Милениумски културно-историски факти“ е монументална енциклопедиска едиција од капитално значење со високо научно и културолошко значење која дава академски конзистентна слика за развојот на македонската цивилизација од праисториската доба сé до почетокот на 21 век, пишува Нова Македонија Во четирите одделни тома, (праисториската епоха, античкиот период, средновековието, османлиската ера и модерното време) е прикажана широката […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Паричната помош која државата ја дава за третото дете, ги условува мајките со редовна вакцинација на детето и со редовни контроли во текот на бременоста, пишува Плус Инфо. Условот со вакцините особено ги револтира родителите кои се повикуваат на Меѓународната класификација на болести и сродни здравствени проблеми, според која што секој родител може да одбие вакцинација […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2013 08:45
•
Posted by: MK News
Заинтересираните граѓани и правни субјекти коишто сакаат да учествуваат во манифестацијата, односно да се натпреваруваат за најинтересно и најкреативно новогодишно украсување, можат да се пријават на телефонскиот број 3297 265, од 9 до 16 часот, од 11 до 23 декември 2013 година. Градот Скопје и оваа година во рамките на Новогодишните и Божиќните свечености ја […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2013 21:06
•
Posted by: MK News
Компири со лебарка, ова е вечерата која му следуваше на студент во мензата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Револтиран, но и згрозен од храната, студентот кој сакаше да остане анонимен, фотографиите ги испрати на адресата на Радио МОФ , за да и покаже на јавноста со што се хранат идните академски граѓани. Фото – […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2013 21:03
•
Posted by: MK News
Петнаесет споменици на Мостот на цивилизациите се поставени незаконски. Ова во изјава за Ал Џезира го тврди градоначлникот на центар, Андреј Жерновски, повикувајќи се на комисија кој ја составил во општината со мандат, да провери, колку споменици се поставени надвор од процедурите. „Ќе мора да се отстрани сè што е незаконски поставено во општина Центар. Нема […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2013 20:01
•
Posted by: MK News
Две бараки се запалија попладнево во скопската населба Ченто. Како што јавува Вечер, за среќа нема жртви а со брзата интервенција на противпожарната бригада, која веднаш по пријавата во најкус можен рок пристигнала на местото со четири возила успеале да го локализираат пожарот и спречат понатомошното ширење. Во едната барака немало никој а во другата […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2013 19:03
•
Posted by: MK News
Новинарот Александар Наков смисли извонредна идеја за тоа како за сопруга да ја побара својата девојка, кошаркарката Славица Димовска. Тој преку порталот „Убавина и здравје“ го постави судбоносното прашање и притоа напиша: – Со секој момент што го поминавме заедно станував сè поблизок до тебе, сè додека на сфатив дека сум лудо вљубен во тебе. […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2013 15:43
•
Posted by: MK News
Скопјанец среде бел ден си остана без гумите на автомобилот. Фотографиите се направене утринава пред паркингот пред Пошта 2, под Железничката станица. Засега непознати сторители од автомобилот ги украле сите гуми и го скршиле стаклото на совозачката врата за да ја земат и резервната гума. Foto – Sitel
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2013 15:38
•
Posted by: MK News
Потрошувачите да бидат внимателни во периодот на претпразничните попусти. Да внимаваат на лажните попусти или лажните огласувања од страна на трговците. Од Организацијата на потрошувачи на Македонија им препорачуваат да прошетаат по продaвницата, да ги следат цените подолго време и на тој начин единствено ќе бидат во тек и ќе знаат дали распродажбата е вистинита. […]
______________________________________________________________________________________________________
11/12/2013 15:35
•
Posted by: MK News
Од 1 јануари 2014 година секој производ со изминат рок, каква било неправилност или грешка, ќе биде детектиран на каса, при неговото купување, и веднаш ќе биде повлечен. Ова го овозможува новата генерација бар кодови GS1 чија цел е максимална заштита и безбедност на потрошувачите преку следливост во дистрибутивниот синџир, од производство до наплатното место […]
______________________________________________________________________________________________________