19/09/2013 11:05
•
Posted by: MK News
На пет километри над преспанското село Сливница, под падините на Баба планина, се наоѓа манастирската црква Света Богородица, позната како Сливничкиот или како Слимничкиот манастир (порано селото се викало Слимница, а сега е прекрстено во Сливница и така и манастирот има две имиња на препознавање).
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2013 11:00
•
Posted by: MK News
Синот на претседателот Ѓорге Иванов, Иван Иванов, стана диџеј. Младиот студент затсиноќа во Галерија 8 имаше можност да ги забавува сите присутни со неколкучасовен сет кој беше комбинација од најголемите рок хитови на сите времиња, пренесува Вечер. Песни од Мајлс Дејвис, Џими Хендрикс, дел од хитовите на Ролинг стоунси, Леб и сол и Дип парпл […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2013 10:39
•
Posted by: MK News
Уништени се новите автобуски постојки во Скопје. Иако беа поставени пред само четири месеци, на нив може да се видат залепени огласи и чкртаници со маркери и бои. Вандалското однесување на граѓаните го натера ЈСП Скопје да формира служба која ќе ги одржува чисти и уредни новите постојки. – Многу често ги шараат автобуските стојалишта. Формиравме […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Надмината е неизвесноста околу одржувањето на традиционалниот настан кога фановите го прават ѕвездното небо на Тоше на градскиот плоштад во Скопје, пишува Дневник. Иако во истиот период на плоштадот е најавена манифестацијата Бела Ноќ, нејзиниот организиатор, Младинскиот културн центар за весникот вели дека од 19 до 21 часот на 5 октомври плоштадот ќе биде отстапен […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Собранието ќе усвои етички кодекс, кој ќе предвидува казни за пратениците што недолично и некултурно ќе се однесуваат кон колегите или ќе ја попречуваат работата на парламентот. Според првичниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ, се предвидува опомена, опомена пред исклучување или исклучување пратеник од работа на седница на Собранието на еден, два или пет дена за недолично […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2013 09:15
•
Posted by: MK News
Велосипедско дефиле под мотото „Во град без мојот автомобил“ ќе се одржи в петок од 10:30 до 13 часот во Скопје по повод Европската недела на движење, која оваа година се одржува под мотото „Чист воздух – ти си на потег“, пренесува МИА По тој повод Град Скопје ги повикува сите граѓани и институции, в […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Постои веб-сервис кој преку едноставно прикажување на приходите и расходите на локалните самоуправи во Македонија, нуди транспарентност и визуелизација на трошењето на буџетите од страна на општините. Во моментов сервисот ги содржи податоците од завршните сметки од 2008 до 2012 година, а буџетите од 2013 година на опфатените 16 општини. Секој корисник на сервисот има […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2013 08:45
•
Posted by: MK News
Македонскиот премиер Никола Груевски во средата во годишното обраќањето пред бизнис заедницата најави дека при крај се подготовките за буџетот за 2014 година, со кој се предвидува ново покачување на пензиите, платите и социјалната помош. Тој информираше дека пензиите и социјалните надоместоци ќе се зголемат од март 2014 година за пет отсто, а за исто […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2013 08:26
•
Posted by: MK News
Во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Попладне во северните, североисточните и северозападните предели зголемување на облачноста и услови за слаби локални врнежи од дожд (шансите се мали но мора да се напомене). Ќе дува слаб југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во засилен северозападен, а во западните предели […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2013 22:29
•
Posted by: MK News
Митрополитот Тимотеј дожвиеал инфаркт на вчерашната седница на Синодот на МПЦ, јавува Утрински весник. Откако му се слошило, веднаш бил пренесен во болницата „Систина“. По направените лекарски прегледи, владиката бил пуштен на домашно лекување. Веста г.Тимотеј ја потврдил за Утрински весник. „Сега сум добро! Ми се слоши на седницата, имав напад. Ќе продолжам и со други испитувања“, […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2013 21:39
•
Posted by: MK News
Инспектори на УЈП од Скопје и Битола извршија контрола во над сто објекти во Велес и затворија над 21 кафеани, бутици, цвеќарници и колонијални продавници, јави Дума.мк. Било откриено дека сопствениците не издавале фискални сметки, не го внесувале дневниот промет во фискалната каса, а и книговодствените документи не ги воделе исправно. Нивните објекти ќе бидат […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2013 21:07
•
Posted by: MK News
Петре Шилегов лаже. СДСМ лаже. Тврдења на Шилегов дека сум заработила 200.000 евра во овие 5 години, ќе има можност да ги докаже на суд. Заради намалување на висината на оштетното побарување кое ќе го пријавам пред надлежниот суд, во наредните денови сум подготвена да му понудам можност јавно да се извини за изречените клевети […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2013 20:38
•
Posted by: MK News
Бизнисмени, функционери, познати личности биле цел на закани на деветмина од уапсените во Шпион. Според информации од досегашната истрага од жртвите се барале големи суми на пари – до неколку стотици илјади евра. На лекар му се заканувале дека ќе објават дека работи без лиценца и со сомнителни материјали. На друг му се заканиле со досие […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2013 13:00
•
Posted by: MK News
Преставници на „Филип Морис“ деновиве почнале да го скенираат Тутунски комбинат Прилеп, за да увидат во каква состојба е комбинатот, информира генералниот директор на Тутунски комбинат-Прилеп, Александар Дерменџиев, јавува Емагазин. Дерменџиев вели дека десетгодишното стратешко партнерство со тутунскиот гигант „Филип Морис“ ќе помогне Тутунски комбинат да излезе од долгогодишната лоша економска состојба и очекува веќе […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2013 11:15
•
Posted by: MK News
Македонскиот кошаркар Перо Антиќ, го доби своето место во соблекувалната на екипата од НБА Лигата, Атланта Хокс. Покрај името и презимето на нашиот кошаркар, тој е претставен под уставното име. Во клубот, тој ќе го носи дресот со број шест. sportclub.mk
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2013 11:07
•
Posted by: MK News
Богата видео секс-архива била пронајдена во домот на еден од осомничените за случајот „Шпион“, дознава Пресс24 од извори во истрагата. Според информации на порталот, осомничениот снимал експлицитни порнографски материјали во кои самиот бил во главната улога. Според првичните и неофицијални информации меѓу снимените има и личности од јавниот живот. -Дел од снимките најверојатно се направени […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2013 10:45
•
Posted by: MK News
Со две конзилијарни мислења кои потврдуваат дека 99,9% е слеп и на двете очи, без можност за излекување,скопјанецот Велин Станковски не може да го оствари правото на инвалидска пензија. Откако Пензискиот фонд не ја уважил потврдата од лекарите од Клинички,го пратила Станковски по второ мислење во Градската болница. Втората комисија која му ја препорачале тие […]
______________________________________________________________________________________________________
18/09/2013 10:27
•
Posted by: MK News
Резултати за примените студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Р. Македонија за академската 2013/2014 година (Втор рок) Врз основа на член 24 став (2) од Законот за студентскиот стандард (“Службен весник на Република Македонија” број 15/13 и 30/13), Министерството за образование и наука објавува резултати од Повторениот конкурс за прием […]
______________________________________________________________________________________________________