06/10/2019 11:33
•
Posted by: MK News
Поради падот на надворешната температура oд утре започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува БЕГ, соопштија од компанијата. Согласно правилата за снабдување со топлинска енергија, испораката на топлинска енергија на потрошувачите може да започне и пред 15-ти октомври, но не пред 1 октомври, доколку прогнозираната […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2019 20:30
•
Posted by: MK News
Просечната плата за две години е зголемена за 2.000 денари. Сега ја отовараме и новата мерка, планот е од 1 ноември да почнеме со реализација на мерката на субвенционирање на придонесите од покачени плати. Законот е готов, разговараме со сите засегнати страни, ги мериме сите вредности и ќе овозможиме на секој газда и менаџер што […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2019 20:27
•
Posted by: MK News
Министерот за образование Арбер Адеми денеска изјави оти оваа недела ги потпишал одлуките за избор на најповолна понуда за учебници и додаде дека прашање на време е кога ќе се испечатат новите учебници и ќе бидат дистрибуирани до сите училишта. Министерот е оптимист дека ќе се постигне договор со Самостојниот синдикат за образование, наука и […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2019 19:28
•
Posted by: MK News
Во зима, природно, сметките за струја прилично се зголемуваат, затоа што покрај централното греење често морате становите да ги дозагревате со греалки на струја, најчесто поради лошата изолација. Уште потешко им е на тие со етажно греење. Сепак, постои едноставен трик со кој можете да зачувате некои денар во новчаникот, а притоа станот да ви […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2019 19:25
•
Posted by: MK News
Штедење, деновиве, е збор кој често се слуша. Луѓето се` повеќе се одлучуваат да штедат поради ограничените средства… Доколку сакате да заштедите на гориво ви пренесуваме неколку совети како тоа да го направите: Не точете до врв Оној момент кога дршката за бензин ќе кликне и ќе престане да точи гориво во резервоарот, вашиот автомобил […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2019 19:04
•
Posted by: MK News
Неизвесно е дали Катица Јанева ќе даде исказ пред Вилма Рускоска за „Рекет“. Адвокатите се уште не добиле прецизни инструкции од поранешната шефица на СЈО како да ја подготвуваат одбраната. Одат во посета кај Јанева во Шутка и ја запознаваат со доказите кои обвинителството за организиран криминал ги обезбедило против неа. За сега, Јанева не […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2019 18:53
•
Posted by: MK News
Според информациите на Ројтерс Германија предлага одвојување на Северна Македонија и Албанија во обид да постигне компромис помеѓу сите земји членки на ЕУ на 15-ти октомври. -Според планот предложен неделава до министрите на 28-те земји членки кои треба да дискутираат кон средината на октомври е можен компромис помеѓу оние се обидуваат да ги приближат балканските […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2019 18:47
•
Posted by: MK News
Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на денешната трибина „На прав пат„ во Штип истакна дека очекува пред 15 октомври да заврши истрагата со обвинителен акт за случајот „Рекет“. – Пред 15ти завршуваат 90 дена од истрагата, по што очекувам да биде завршена со обвинителен акт и граѓаните да ги знаат сите вистини. Тоа […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2019 18:44
•
Posted by: MK News
Карванот предводен од СДСМ и коалиционите пратнери, кампањата за средби со граѓаните ја започна од Штип, со трибина во Домот на културата – Ацо Шопов. Пред присутните лидерот на СДСМ, Зоран Заев истакна дека опозицијата ги негира мерките кои актуелната Влада ги презема и се противи на зголемувањето на минималната плата, повратот на ДДВ, социјалните […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2019 11:57
•
Posted by: MK News
Во Кинотека на Македонија синоќа се оддржа состанок на иницијативниот одбор на Твоја партија, новата партија на политичката сцена, создадена од адвокатот Александар Тортевски, која во следниот период ќе утврди платформа, статут и модел на организација. Правото и правната држава е нашата црвена линија и за тоа нема отстапка. Македонија да ја направиме пристојно место […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2019 11:51
•
Posted by: MK News
Годинешната јубилејна 15. „Бела ноќ“ во Скопје ќе има богата програма, концерти, изложби, кино, театарски претстави, 3Д-видеомапинг и друго. Според програмата на вкупно 15 локации истовремено, уметници, музичари и сите што се дел од „Бела ноќ“, на присутните ќе им понудат разновидна културно-уметничка содржина. Како дел од годинешната програма, на платото пред Универзалната сала ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2019 11:43
•
Posted by: MK News
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, при вчерашната посета на Охрид доби чибук со Охридски Бисер и манжетни.на подарок, а за неговата сопруга Сузан беше подготвен ѓердан и обетки од истиот македонски бренд. Овие подароци тие ги добија од семејството Филеви кои го изработуваат препознатливиот Охриски бисер. „Се запознаа со техниката, богатата музејска содржина, традицијата, […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2019 11:18
•
Posted by: MK News
Успеавме!!! Секоја чест на секој од вас!!! Повеќе не се “семејството што живее под мостот” затоа што од денес нема да мрзнат на студот. Во куќата во која се сместени ги има сите услови, но нѝ фали машина за перење, па се надевам дека некој од вас ќе се пријави да донира. Исто така, потребен […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2019 11:05
•
Posted by: MK News
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, како предлог на ДУИ, е најголем фаворит да стане нова македонска амбасадорка во Вашингтон. Во најтесен избор за ова амбасадорско место се и професорот Љубомир Фрчкоски, како предлог на претседателот Стево Пендаровски, како дипломатот Паскал Стојчевски, како предлог на шефот на дипломатијата Никола Димитров, но лидерот на ДУИ, Али Ахмети […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 23:09
•
Posted by: MK News
Циклонот КАРМЕН го донесе првиот снег речиси насекаде во регионот. Снег падна на планините во Хрватска, Босна и Црна Гора а температурите се спуштија под нулата. Под влијание на релативно свежа воздушна маса ќе останеме и за време на овој викенд иако максималните дневни температури на воздухот ќе бележат тенденција на пораст но сепак доста […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 22:40
•
Posted by: MK News
Од УХМР најавуват дека времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни претпладне во јужните и источните делови каде што попладне ќе завршуваат. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Во Скопје, претежно облачно со умерен до повремено пороен дожд и со северен ветер кој краткотрајно ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 22:20
•
Posted by: MK News
Нашите односи уште повеќе ќе се засилат преку заедничките заложби за мир, безбедност и просперитет, напиша на Твитер државниот секретар на САД по денешната официјална посета на Република Северна Македонија и средбите во Охрид со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев. – Дискутиравме за поддршката на САД за пристапувањето на Северна Македонија кон НАТО […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 22:14
•
Posted by: MK News
Претседателот Стево Пендаровски денеска му беше домаќин на Државниот секретар на САД, Мајк Помпео. Билатералната средба се одржа во „Вилата Билјана“ во Охрид. По средбата двајцата релаксирано прошетаа во дворот но таму за малку високиот гостин ќе имаше незгода. Шетајќи се сопна на една од плочките и за малку ќе паднеше, па социјалните мрежи се […]
______________________________________________________________________________________________________