04/10/2019 22:10
•
Posted by: MK News
И универзитетската професорка Мирајна Најчевска вечерва се обрати пред присутните на првиот отворен состанок на на Иницијативниот одбор на Твоја партија, новата партија на адвокатот Александар Тортевски. Политичарите не треба да добиваат втора шанса, бидејќи еднаш корумпиран политичар ќе биде засекогаш корумпиран. Правна држава се спроведува со правила процедури и критериуми, што го немаме, рече […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 21:57
•
Posted by: MK News
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Локално ќе има изолирана појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе се движи од 4 до 12, а максималната од 17 до 23 степени. Во Скопје умерено облачно со умерен ветер од западен правец. Температурата […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 21:31
•
Posted by: MK News
Секој што ќе каже дека борбата во моменталната ситуација и поставеност на силите треба да се одвива на поинаков начин освен здружено и заедно – свесно или несвесно ве носи во заблуда. Секој кој ќе повика дека „сите се исти“ ќе помогне тие да владеат со секого од нас поединечно, разделени и немоќни за било […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 21:27
•
Posted by: MK News
Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири во денешната изјава за медиуми кажа дека ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во матрицата на деструкција и одбраната на криминалот и дека со Сиљановска и Дурловски, партијата не нуди ништо прогресивно и европско. „Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да обноват ништо освен криминалиот режим и темните години на изолација и неизвесност. Дали […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 21:01
•
Posted by: MK News
Македонија економски тигар на Балканот, фер и честита политика за земјоделците, достоинствен образовен систем и пензионерски живот, враќање на рамниот данок, укинување на акцизата од три денари за дизелот, како и враќање на македонизмот во Македонија и секаде во светот се основните ПОСТУЛАТИ врз кои ќе биде заснована предизборната програма на ВМРО – ДПМНЕ, најави […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 20:54
•
Posted by: MK News
Во Кинотека на Македонија вечерва отворен состанок на иницијативниот одбор на новата партија на адвокатот Александар Тортевски која ќе се вика „Твоја партија“. Меѓу присутните може да се забележат и професорката Мирјана Најчевска и актерката и активистика Ирена Ристиќ. Правото и правната држава е нашата црвена линија и за тоа нема отстапка. Македонија да ја […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 20:33
•
Posted by: MK News
Поддршка за полноправно членство во НАТО, како и асистенција во борбата против криминалот и корупцијата – испорача американскиот државен секретар за време на неколкучасовната посета на Македонија. По средбите со државниот врв во Охрид, Мајк Помпео уверуваше дека американскиот Сенат наскоро ќе го ратификува протоколот за пристапување на земјава во НАТО. Истовремено, првиот американски дипломат […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 19:54
•
Posted by: MK News
Во ноември му истекува времениот пасош на бизнисменот Орце Камчев, кој е осомничен во случајот „Империја“, беше истакнато на денешниот брифинг со новинарите во Основниот кривичен суд Скопје. Камчев го побара времениот пасош поради неодложни службени патувања и задолжителна едукација. Покрај Камчев, во случајот „Империја“ осомничени се и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, Ратка […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 19:34
•
Posted by: MK News
Документот од исказот на Јордан Камчев за случајот „Рекет“ не протекол од Основниот суд Скопје 1, кој не е надлежен да спроведе истрага за тоа, беше речено на денешниот брифинг со новинарите во Судот. Документот, како што велат оттаму, протекол во јавноста само ден откако од Кривичен беше препратен во Апелација. Од Кривичниот суд посочуваат […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 19:27
•
Posted by: MK News
Апелацискиот суд Скопје одлучува по нова жалба за одбиената гаранција на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за укинување на притворот или за замена со куќен притвор. На денешниот брифинг со новинарите во Основниот кривичен суд Скопје беше речено дека за Јанева имаше одлука од Кривичен совет дека и се продолжува мерката притвор по предлог […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 19:26
•
Posted by: MK News
Зоран Заев и државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Мајкл Р. Помпео, во рамките на неговата еднодневна официјална посета на нашата земја имаа тет-а-тет средба, откако претходно државниот секретар на САД се сретна со Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски. Веднаш потоа се одржа и билатерална средба кога на премиерот Зоран Заев му се придружија […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 19:23
•
Posted by: MK News
Убеден сум дека Северна Македонија ќе биде силна земја сојузник во НАТО и сигурен сум дека Сенатот на САД оваа есен ќе го одобри Протоколот за членство, со што и формално ќе ви пасакаме добредојде во Алијансата, истакна американскиот државен секретар Мајк Помпео по средбата со премиерот Зоран заев во Охрид. Помпео го поздрави, како […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 17:30
•
Posted by: MK News
Обвинителката од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција – Вилма Русковска, поднела жалба на ослободителната пpeсуда за оперскиот пејач Игор Дурловски за yпадот во Собранието на 27 април, и тоа уште пред два месеца, во екот на аферата „Рекет“, објави ТВ „Алфа“. Тоа го потврдиле и од нејзиниот кабинет, како и од Кривичниот […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 17:27
•
Posted by: MK News
По повод манифестацијата „Бела ноќ“, граѓаните ќе можат да го користат јавниот превоз бесплатно, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие- ЈСП. Бесплатниот превоз, како што појснуваат оттаму, ќе важи од 18 часот во сабота на 5 октомври до 4 часот во недела на 6 октомври.
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 17:25
•
Posted by: MK News
Денот на народното востание на Република Северна Македонија 11 Октомври (петок) е неработен ден за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните им го честитаат Денот на народното востание.
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 13:40
•
Posted by: MK News
Во градинката „Весели цветови“, односно во клонот „Кокиче“, се појави опасната бактерија МРСА Кај едно дете и воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во Кисела Вода е изолирана бактеријата МРСА (Methicillin-resistant Staphylococcus aureus), потврдуваат во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ). Родители на деца што го посетуваат клонот „Кокиче“ се загрижени, но таму денеска вообичаено се примаат […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 13:19
•
Posted by: MK News
Oслободнителна пресуда за дел од обвинетите во случајот „Ровер“. Судот одлучи дека Љубе Бошкоски, Зоран Трајковски, Сашко Јовановски, Ивица Ристиќ, Гоце Митревски и Никола Негриевски не се виновни за убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година. Осудителна пресуда сепак добија тројца обвинети српски државјани, Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ, кои […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2019 13:14
•
Posted by: MK News
Апелациониот Кривичен суд денеска одлучи за барањето на Бојан Јовановски – Боки 13 за укинување на притворот, и замена за домашен притвор. Апелациониот суд ја отфрли жалбата на Бојан Јовановски поднесена по одлуката на кривичниот за продолжување на притворот. Апелација смета дека се исполнети два од условите, односно можност за бегство и да го повтори […]
______________________________________________________________________________________________________