16/06/2019 14:43
•
Posted by: MK News
Седумдесет и шест години од стрелањето на ваташките младинци беа одбележани денеска во месноста Моклиште, Кавадаречко. – Во долгата и тешка историја на македонскиот народ, многу настани останаа длабоко врежани во свеста и паметењето на луѓето и долга низа години ќе се пренесуваат од генерација на генерација. Настан кој никогаш не може да биде избришан […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2019 13:34
•
Posted by: MK News
Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска ќе започне со теренски активности за пробниот попис на населението, домаќинствата и становите. Пробниот попис ќе се спроведе во 32 пописни кругови на територијата на 13 општини во државата, и тоа во Гостивар, Кисела Вода, Зелениково, Штип, Радовиш, Куманово, Свети Николе, Кратово, Прилеп, Долнени, Струга, Кичево и Валандово. Како […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2019 13:22
•
Posted by: MK News
Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен денеска и за време на викендот во периодот од 06 до 16 часот на сообраќајниците околу гробиштата во Скопје поради верскиот празник Задушница. Сообраќајот кон гробиштата Бутел ќе се одвива кружно, односно возилата ќе се упатуваат по улицата „Александар Урдаревски” кон локалниот пат за селото Мирковци до влезот на […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2019 13:17
•
Posted by: MK News
Хируршкиот тим на Проф Др Виктор Камилоски искусен и признат трауматолог го изведе првото пресадувањена коска од една на друга нога кај 22 –годишна пациентка повредена во сообраќајна незгода. На нашата Универзитетска Клиника за Хируршки болести „Св. Наум Охридски“ -Скопје за прв пат во Македонија и во регионов е направена аутологно пресадување на коскено ткиво […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2019 13:15
•
Posted by: MK News
„Знаеме како Груевски избега од земјата“, тврди македонскиот премиер Зоран Заев во интервју објавено во германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг каде за прв пат открива детали од бегството на екс премиерот од земјава, пренесе „Дојче веле“. – „Со лифт се симнал во подрумот, а потоа се сокрил во багажникот на автомобилот со кој бил изнесен […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2019 13:05
•
Posted by: MK News
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва во 2 часот и 20 минути регистрирше земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 140km југозападно од Скопје и потекнува од охридското епицентрално подрачје. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.8, а беше […]
______________________________________________________________________________________________________
13/06/2019 13:31
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи изготува законски измени со цел да се воведе електронски систем во надзор на безбедноста на сообраќајот со поставување безбедносни камери, кои ќе можат да препознаат одредени прекршоци и директно да изрекуваат казни за сторителите со што ќе се намали еветнуалното влијание на човечкиот фактор и ќе се скрати времето на изрекувањето […]
______________________________________________________________________________________________________
13/06/2019 13:23
•
Posted by: MK News
Посебна порака испрати премиерот Зоран Заев до најверојатно идниот премиер на Грција, Киријакос Мицотакис. Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ), пред најавената средба со германската канцеларка Ангела Меркел, македонскиот премиер му порача на Мицотакис дека не е во ничиј интерес повторно да се отвораат решени прашања. Конкретно Заев мисли на Преспанскиот договор и новото […]
______________________________________________________________________________________________________
13/06/2019 13:19
•
Posted by: MK News
Земјава денеска ќе биде зафатена со температури од жолта алертна фаза информира Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата ќе се искачи до 38 степени целзиусови, поради што се апелира до граѓаните да се заштитат од директна сончева изложеност, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека. […]
______________________________________________________________________________________________________
13/06/2019 13:16
•
Posted by: MK News
На кое училиште во Штип, Гоце Делчев беше директор? Одговорот е многу едноставен. Гоце Делчев беше учител и директор во Бугарското училиште во Штип. Тогаш немаше Македонски училишта, имаше Српски, Грчки Бугарски, е зошто Гоце Делчев избрал да биде директор во Бугарското училиште? И не само Гоце Делчев, и Дамјан Груев, Ѓорче Петров, Никола Карев, […]
______________________________________________________________________________________________________
13/06/2019 13:13
•
Posted by: MK News
Од владејачката ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел за „Франкфуртер алгемејне цајтунг“ велат дека „не разбираат зошто е толку голем проблем одложувањето за три месеци на одлуката за преговори со Северна Македонија, особено што веќе е решено дека отворањето на првите поглавја од преговорите ќе се случи во декември“. – Што се однесува до Северна Македонија, […]
______________________________________________________________________________________________________
13/06/2019 13:11
•
Posted by: MK News
Холандскиот парламент синоќа се изјасни против отворањето на преговорите со ЕУ за Албанија, но ја отфрли истата резолуција што се однесува на Северна Македонија. Парламентот во Холандија вчера гласаше за четири резолуции поврзани за проширувањето на ЕУ, но само таа против Албанија доби мнозинство гласови, вклучително и од владејачките партии, со 105 гласа од вкупно […]
______________________________________________________________________________________________________
13/06/2019 12:55
•
Posted by: MK News
По средбата на германската канцеларка Ангела Меркел и премиерот Зоран Заев останува отворена можноста одлука за почеток на преговори со Северна Македонија да се донесе уште летово или, сепак, наесен, што е пореална опција. Меркел му рекла на Заев дека С. Македонија испорачала и дека таа е многу позитивна за досието на земјава. Канцеларката најавила […]
______________________________________________________________________________________________________
11/06/2019 12:10
•
Posted by: MK News
Од ноќеска на полноќ за три денари се намалија ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два ипол денари, така одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Согласно оваа одлука, новата цена на ЕУРОСУПЕР 95 изнесува 66,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 69 ден/лит. Малопродажната […]
______________________________________________________________________________________________________
11/06/2019 12:08
•
Posted by: MK News
Утрово треба да започне увидот во станот кој вчера беше пеплосан во пожар, дознава „Курир„ Вчера во текот на денот целиот влез беше испразнет, а на станарите не им беше дозволено да се вратат дома за да преноќат. Полицијата го обезбедуваше влезот во текот на ноќта од кражби, а истиот влез и соседниот вчера и […]
______________________________________________________________________________________________________
10/06/2019 12:12
•
Posted by: MK News
Патрола на сообраќајната полиција ги сопрела Ангела Ѓорѓиевска и Али Фуркан неколку часа откако го убиле Пинета Секондо, додека со автомобилот „опел аскона“ на Фуркан се возеле од Ѓоре Петров кон Скопје, дознава „Код“. Полицајците не ни претпоставиле што се случило претходно, па по легитимирањето ги пуштиле. Како што дознава „Код“ од извори на истрагата, […]
______________________________________________________________________________________________________
10/06/2019 12:07
•
Posted by: MK News
Топлото и спарно време со температури до 39 степени ќе се задржи во земјава до крајот на неделава. Најтопло ќе биде ќе биде од четврток до недела. Најниските утрински температури, пак, ќе бидат околу 12 степени. До средината на неделата претежно во попладневните часови понекаде ќе има појава на изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи […]
______________________________________________________________________________________________________
10/06/2019 12:04
•
Posted by: MK News
Државниот секретар воМинистерството за информатичко општество и администрација Јахи Јахија е уапсен по налог на надлежен јавен обвинител од Јавното обвинителство за организран криминал и корупација. Тој, според првичните информации, се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување. Од Обвинителството најавуваат повеќе детали во текот на денот.
______________________________________________________________________________________________________