Archive | Македонија RSS feed for this section

Следете го во живо Вардаровиот лет

Вардаровите ракометари, новите европски шампиони, пред неколку минути полетаа со чартер летот од Келн и се враќаат кон Скопје, каде веќе илјадници навивачи на црвено-црните ги чекаат на скопскиот аеродром, а се очекува десетици илјади да ги поздрават на плоштадот Македонија на централната прослава. Вардарци после низа одложувања на летот конечно трнаа на пат за […]

______________________________________________________________________________________________________

ВО ЖИВО: Следете го дочекот на ракометарите на Вардар на скопскиот аеродром

Атмосферата на скопскиот аеродром е веќе вжештена, а секој момент се очекува пристигнувањето на ракометарите на Вардар. Следете во живо на помош на линк во живо на Komiti Skopje

______________________________________________________________________________________________________

Ракометарите ќе полетаат во 19.30 часот

Ракометарите на Вардар се чекираа на аеродромот во Германија. Според официјалната фан-страница на Фејсбук, се вели дека се очекува да полетаат во 19.30 часот.Нивното слетување во Скопје се очекува во 21 часот. Навивачите и фановите на Вардар, веќе се на аеродромот во Скопје и ги чекаат шампионите.

______________________________________________________________________________________________________

Град Скопје ќе им додели шест милиони денари на ракометарите на Вардар

Советот на Град Скопје донесе одлука за доделување награда во висина од 6 милиони денари, како и средства за организирање дочек на ракометната екипа „Вардар“ по вчерашната победа на Ф4-турнирот во Келн и освојувањето на титулата во ЕХФ Лигата на шампионите. Со оваа одлука, покрај наградата, се обезбедуваат средства за авионскиот превоз со чартер-лет на […]

______________________________________________________________________________________________________

Самсоненко: За каков крај зборувате, со Вардар ќе освојам и трета титула во Лига на Шампиони

Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко е презадоволен од сработеното на ракометарите на Вардар на Ф4 турнирот во Келн и освоената нова круна така што по вторпат во последните три години екипата се враќа назад за Скопје со трофејот. „Зошто сите зборуваат за некаков крај на Вардар? Зошто сите мислат дека ја знаат ситуацијата во Вардар? […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова е агендата за пречекот – МОБИЛИЗАЦИЈА ЦРВЕНО-ЦРНА АРМИЈО !!!

Со повик за пречек се јави и навивачката група Комити. -Во кратки црти за Пречекот на Хероите и Парадата на Гордоста ДЕНЕС: – Собир: 17:00ч. пред сала Јане Сандански! – ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД ЈСП ЗА СИТЕ КОИ НЕМААТ СОПСТВЕНИ ВОЗИЛА! – ГРАТИС СКОПСКО ПИВО – На Собир пред сала за сите !!! – НОЌНИ ВОЛЦИ […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР со апел за прославата за Вардар: За ова следат строги казни

Министерството за внатрешни работи му честита на ракометниот клуб „Вардар“ за освојувањето на титулата европски шампион. Притоа, укажува дека радувањето на спортските успеси е неспоиво со говор на омраза, дискриминација и поттикнување на омраза и насилство. МВР ќе ги преземе сите неопходни мерки за обезбедување на јавниот ред и мир на пречекот на нашите европски […]

______________________________________________________________________________________________________

Тажна вест: Почина познатиот македонски пејач Момо Николоски

Почина Момо Николоски, македонскиот пејач кој не успеа да ја добие битката со тешката болест. Тажната вест ја објави на Фејсбук неговата сопруга, а семејството и пријателите праќаат пораки за сочувство. Валбурга редовно информираше и за здравствената состојба на Момо при неговата хоспитализација. Бараше помош и поддршка, но Момо го загуби животот.

______________________________________________________________________________________________________

Заедно со Вардарци доаѓаат и коментаторите Сретен и Стеван

Ракометарите на Вардар попладнево во 18.50 часот ќе слетаат во Скопје. Чартер летот го обезбедил Град Скопје. Во меѓувреме градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов побарал од Советот на Град Скопје да поддржи одлука за доделување награда на РК „Вардар“ во износ од шест милиони денари. „Од минатата вечер сум во контакт со управата на […]

______________________________________________________________________________________________________

Промена на планот: Авионот на Вардар пристига порано

Иако според првичната агенда, ракометарите на Вардар требаше да се враќаат назад во Скопје со два лета и вечерва околу полноќ, сепак има промена. Ќе биде организиран чартер лет и новите европски шампиони ќе пристигнат во македонската престолнина во 16:15 часот. Пречек ќе има и на аеродром и потоа на плоштадот „Македонија“. Поздравете ги европските […]

______________________________________________________________________________________________________

Од полноќ поевтини бензин и дизел

Од еден до еден и половина денар се намалува малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисијата за енергетика. Според одлуката, за еден денар се намалува цената на Еуросупер БС 98, додека за денар и половина поевтинуваат Еуросупер БС 95, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство. Новата цена на […]

______________________________________________________________________________________________________

Следи невреме со град, грмежи и силен ветер – Од петок температурите скокаат за 10 степени

Управата за хидрометеоролшки работи за попладне најавува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, повремено засилен ветер и појава на град. Максималната температура ќе се движи од 16 до 26 степени. Слично време со краткотраен дожд и грмежи се очекува и во Скопје каде максималната температура ќе достигне до 24-тиот степен. Променливото и нестабилно време […]

______________________________________________________________________________________________________

ЈСП обезбеди автобуси за пречекот на ракометарите – Превозот е бесплатен

ЈСП Скопје ќе обезбеди два двокатни автобуси за организираниот пречек на ракометарите на Вардар на меѓународниот аеродром Скопје. – Ги информираме заинтересираните граѓани кои немаат превоз, а сакаат да ги пречекаат шампионите на скопскиот аеродром, дека поаѓањето кон аеродромот е планирано во 17 часот од пред Југодрво. Превозот е бесплатен, јавуваат од ЈСП. Планирано е, […]

______________________________________________________________________________________________________

Браво момци! Вардарци објавија победничко селфи од соблекувалната! (ФОТО)

Вардар е нов шампион на Европа, откако во финалето на Лигата на шампиони го совладаа Веспрем со 27-24. Македонскиот гигант играше добар меч од самиот почеток, иако на стартот на второто полувреме беа забележани падови во играта, но сепак „црвено-црните“ беа истрајни, па го освоија трофејот. По мечот Вардарци решија да објават победничко селфи од […]

______________________________________________________________________________________________________

ИНИЦИЈАТИВА: На коментаторите на Арена Спорт да им се плати карта и се – да дојдат на пречекот на ВАРДАР

Големи поздрави до Стеван и Саша. И тие се нашите херои денеска. Поради неприкажувањето на финалниот натпревар од Лигата на шампиони во ракомет на некоја од македонските телевизии, најголем дел од спортските фанови, овој натпревар го следеа на Арена Спорт и слуша Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, од „Арена Спорт“ телевизија, кои станаа херои заедно […]

______________________________________________________________________________________________________

Дибиров: Ако сега не му се помогне на Вардар, треба сите да ги оставиме патиките

Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров по вечерашното освојување на титулата во Лигата на шампионите изјави дека сега е време некој да излезе во пресрет и да му помогне на клубот. Вардарци имаа исклучително тешка сезона, откако ракометарите немаат земено плата со месеци, но и покрај тоа „црвено-црните“ се искачија на европскиот ракометен трон. „Имавме пократок […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Стоилов го коригира ЕХФ: Мојата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

На официјалната прес-конференција капитенот Стојанче Стоилов покрај тоа што го анализираше денешниот меч испрати „порака“ до портпаролот на ЕФМ. Вардар беше претставен како шампион на Северна Македонија, по што Столе реагираше и рече: „Да потенцирам, мојата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“. „Дојдовме тука како аутсајдери, исто како првата година. Полесно е да играш како аутсајдер на […]

______________________________________________________________________________________________________

Ве поздрави играчот со број 5

По крајот од финалето со Веспрем, капитенот Стоилов ги поведе соиграчите кај најверните навивачи и со пехарот славеа еуфорично.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1