Archive | Македонија RSS feed for this section

Мисајловски: Пирејот не може да го снема, корни го, згази го, тој повторно ќе се издигне

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски преку социјалните мрежи се огласи во врска со изгласувањето на уставните измени во Собранието. Мисајловски вели дека многу луѓе заборавиле зашто СДСМ биле долго во опозиција и што значи нивното инсталирано владеење во било кој период од нашата историја. -Едноставно лажат, манипулираат, вршат прогон, и го згаснуваат македонскиот идеал што […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Не е потребен потпис од Иванов

Зоран Заев денеска на прес-конференција истакна дека не е потребен потпис од претседателот Иванов за уставните измени. – Да, спомнав, за да сфатат граѓаните, првин од устата на премиерот, за сериознаоста на одлуката што е донесена во нашиот Парламент. Договорот стапува во сила откако ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент. Примената е јасно опишан внатре. […]

______________________________________________________________________________________________________

Зеќири на Фејсбук: Бидна – многу сме горди

Мухамед Зеќири веднаш по седницата на која беа изгласани уставни измени се огласи на Фејсбук.

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Не се чувствувам како уценет политичар после се

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата рече дека не се чувствува како уценет политичар после сите случувања во текот на преговорите со Грција, амнестијата, преговорите со политичките партии. Најмногу не, а и сигурно не, заради тоа што се што работевме во Македонија работевме максимално транспарентно, рече Заев. Граѓаните, дополни, […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Заев предвреме ја преименува сопствената татковина, на се уште нестапен во сила договор

Исто како и мнозинството граѓани, така и јас, со чувство на мака, го проследив пресот на Зоран Заев. Само Зоран Заев, политичар аболиран за тежок криминал, кој влече сериозни хипотеки зад себе, може да прославува и да се гордее што го променил името и идентитетот на сосптвената земја, истакна на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, […]

______________________________________________________________________________________________________

Хорор-филм во Ново Лисиче

Густа магла, чад или загаденост – состојбата во Ново Лисиче вечерва е аларманта. Видео кое e објавено на youtube, според граѓаните сведочи за смртоносна магла која многу брзо го прекри Скопје вчера. Мерните станици и вечерва бележат алармантна загаденост која најмногу се забележува околу Ректоратот во близина на Бит Пазар.

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Пратениците кои гласаа за уставни измени славеа во Собрание

По усвојувањето на уставните измени, пратениците кои гласаа „за“ славеа заедно со премиерот во Собранието. Пратениците на владејачката коалиција објавуваат фотографии од Кабинетот на претседателот на Собранието, но и од фоајето и другите собраниски простории каде што прославуваат.

______________________________________________________________________________________________________

Стоилов: Срам да ни е на сите….

Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават !!! Срам да ни е на сите…. За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА !!!

______________________________________________________________________________________________________

Димитров: Го направивме невозможното, докажувајќи дека чудата се можни

Го направивме невозможното, докажувајќи дека чудата се можни. Во тешки околности, го решивме најголемиот проблем од независноста, што Македонија упорно ја влечеше назад, порача вечерва на својот Фејсбук профил шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, откако Собранието претходно денеска ги изгласа уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа. -Ја преземавме одговорноста на нашата генерација, […]

______________________________________________________________________________________________________

Бејли: САД ја поздравуваат историската одлука во Собранието

Македонија донесе историска одлука. Вашето Собрание гласаше за да ги усвои уставните измени што се потребни за да се имплементира Договорот од Преспа со Грција. Соединетите Држави ја поздравуваат одлуката на вашите избрани претставници, порача вечерва амбасадорот Џеј Бејли во врска со изгласаните уставни измени во Парламентот. Во пораката објавена на ФБ профилот на американската […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев им честита на граѓаните и пратениците за преземената одговорност

Премиерот Зоран Заев вечерва откако Собранието ги усвои уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа преку својот Фејсбук профил им честита на граѓаните и на пратениците за преземената одговорност. -Им честитам на граѓаните и на пратениците за преземената одговорност за уставните измени со којашто заедно ги отворивме вратите на НАТО и ЕУ за Република […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети: Бидна!

Бидна! Вака лидерот на ДУИ Али Ахмети на својот Фејсбук профил го означи завршувањето на процесот на Договорот од Преспа во Собранието. Очигледно е задоволството на Ахмети од успешно спроведените усавни измени, барем ако се суди од фотографијата приложена на Фејсбук.

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски бара предвремени избори

Итно распуштање на Собранието и предвремени избори согласно прижинскиот договор. Вакво барање до власта испорача опозицискиот лидер по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски порача дека за ВМРО-ДПМНЕ промената на уставното име и македонскиот идентитет претставува чин на предавство, а целата процедура ја прогласи за нелегитимна Како ВМРО-ДПМНЕ ќе делува во иднина Мицкоски не […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија замина во историјата – изгласан уставот сега државата е СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Изгласани уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа во третата и финална фаза, откако претходно договор беше постигнат околу барањата на Беса на Биљал Касами. Со 81 глас „за“, македонското Собрание ги усвои амандманите на четири члена од Уставот и со тоа го прифати договорот за името со Грција. Откако парламентот во Атина ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Собранието ги утврди предлог-амандманите на Уставот, следува нивното донесување

Пратениците во Собранието на Република Македонија вечерва во рамки на 75. седница ги утврдија предлог амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Македонија, по што треба да почне донесувањето на амандманите. Пратениците на Алијансата за Албанците и на Беса ги повлекоа своите амандмани на уставните амандмани. Џафери отвори претрес за амандманот на осумте […]

______________________________________________________________________________________________________

Не помина амандманот на осумте пратеници

Со 70 гласа против Собранието го отфрли предлог-амандманот предложен од осумтемина пратеници од Коалицијата за подобра Македонија Во образложувањето на еден од амандманите на уставните амандмани предложен од независните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ Со 9 гласа за и 70 против, не помина амандманот на осумте пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Амандманот на независната пратеничка […]

______________________________________________________________________________________________________

Продолжува протестот против уставните измени – ечи „предавници“ пред Собрание

Извикувајќи предавници околу стотина граѓани протестираат против уставните измени додека во Собранието на Република Македонија започна 75-та седница. Од импровизираната бина се читаат имињата на сите 80 пратеници кои треба да гласаат за уставните амандмани и прифаќање на Договорот од Преспа. Протестот пред Собранието против уставните измени започна во 12 часот во организација на здруженијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Помина амандманот на Села за Преамбулата на Уставот

Собранието го усвои видоизменетиот амандман на Преамбулата на Уставот на Република Македонија, предложен од Алијансата за Албанците. – Со овој амандман се подобри преамбулата на Уставот. Зборовите „како и граѓаните кои живеат во границите на државата“ остава впечатокот како тие времено да се овде. Амандманот не е прифатен, но е прифатен видоизменет амандман. Преамбулата на […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1