15/11/2018 15:04
•
Posted by: MK News
Владата го усвои Предлог-буџетот за 2019 година со кој вкупните приходи и расходи се во рамки на проектираните параметри на Министерството за финансии. Буџетскиот дефицит е проектиран на ниво од 2,5 проценти од БДП. Предлог-буџетот, како што денеска информира Владата, ќе биде доставен на усвојување во Собранието на Република Македонија. – Планираниот дефицит е во […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2018 14:58
•
Posted by: MK News
Ги читам сите медиумски написи кои произлегуваат од конструкциите дека Миле наводно планирал бегство од државата и не можам да се воздржам, а да не кажам дека е срамно и недостоинствено, реагираше денеска Сања Јанакиески, сопругата на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пишува Сител.мк -Миле ниту имаше намера, ниту планираше да бега. […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2018 14:50
•
Posted by: MK News
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска коментирајќи го бегството на поранешниот премиер Никола Груевски рече дека тоа не може да биде решение на кој било проблем. -Не сметам дека ова може да биде решение на кој било пролем. Не се согласувам со таа постапка без оглед на деталите како се одвивала и како била […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2018 14:47
•
Posted by: MK News
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски со лажен пасош ноќта ја преминал македонско-албанската граница и илегално стигнал до Тирана, каде бил прифатен во унгарската Амбасада. Со првиот утрински лет на компанијатас „Малев“ тој директно од Тирана пристигнал во Будимпешта, пишува белградскиот весник „Политика“. Груевски се наоѓа во Будимпешта каде што од унгарските власти побара политички азил. […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2018 14:43
•
Posted by: MK News
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска телефонски разговарал со неговиот македонски колега Никола Димитров за случајот со поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, кој пребега и побара азил во Будимпешта, соопшти МНР на Унгарија. Сијарто му кажал на Димитров дека барањето на Груевски за азил во Унгарија е правно, а не политичко прашање и […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2018 14:40
•
Posted by: MK News
На денешното рочиште за случајот “27 април” во Кривичниот суд се презентираше вибер комуникација на група создадена од 48 членови, меѓу кои и пратеникот Мукоски, Јохан Тарчуловски, Васил Пишев, Бети Кузмановска, Емил Димитриев, Миле Јанакиески и други кои разговарале критичниот ден на 27 април. Разговорот почнува во 17.48 часот. Meѓу другото дел од вибер комуникацијата […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2018 14:33
•
Posted by: MK News
Град Скопје ќе почне постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот за 2013 година, а заклучно со 2017 година, согласност со одредбите за присилна наплата и обврските што произлегуваат од Законот за даноците на имот. -Им укажуваме на сите даночни обврзници кои по горенаведениот основ имаат заостанат и […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2018 14:31
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека се прават напори да се обезбедат средства од буџетот за зголемување на платите на сите здравствени работници од почетокот на наредната година. – Правиме напори да ги обезбедиме сите потребни средтства. Јас верувам дека ќе успееме заради тоа што сите здравствени работници заслужуваат да го добијат тоа, вели […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2018 14:27
•
Posted by: MK News
Постудено време со врнежи од дожд и снег на повисоките места, најавуваат метеролозите за време на викендот. од УХМР информираат дека под влијание на студена воздушна маса од север следува период на променливо облачно и студено врем. Од утре доцна попладне, како и за време на викендот најавуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2018 14:16
•
Posted by: MK News
Со цел да се обезбеди полесен проток на сообраќајот и да се намали сообраќајниот метеж пред ТЦ „Скопје Сити Мол“, во претстојниот период, Општина Карпош во соработка со СВР Скопје, започнува да поставува нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација низ сервисните улици во урбаната заедница Карпош 4. Овие промени се прават врз основа на сообраќаен […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2018 14:13
•
Posted by: MK News
За да се подобри животната средина и новиот возен парк во земјава, Министерството за економија готви предлог што ќе биде дел од Законот за возила каде се предвидува Програма за субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во постоечките возила. Во програмата се предвидува […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2018 14:12
•
Posted by: MK News
До унгарското Министерство за правда деновиве ќе биде доставено барањето со целокупната документација за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. На прес-конференција во Владата, Бошњаковски рече дека се работи за обемна документација од околу 400 страници која ќе биде соодветно преведена и доставена до унгарските надлежни власти. – Министерството […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2018 14:10
•
Posted by: MK News
Државниот завод за статистика, во партнерство со УНИЦЕФ и ИНФПА почнува со собирање податоци за состојбата на семејствата во Македонија, со акцент на жените и децата, од аспект на приходи, условите за живот, пристап до здравство и образование, писменост, како децата се одгледуваат и дисциплинираат, како и за насилство во семејството. Во рамки на ова […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 21:03
•
Posted by: MK News
СЈО соопштија дека побегнатиот поранешен премиер Никола Груевски не располага со пари и со имот на свое име, а празни му се и банкарските сметки кои би можеле да бидат замрзнати поради неговото бегство во Унгарија.
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 20:25
•
Posted by: MK News
Група граѓани вечерва се собраа на протест пред Владата за да побараат одговорност за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Граѓаните се организираа на социјалните мрежи. „Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, се дел од написите на транспарентите истакнати на протестот. Присутните побараа итна […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 19:44
•
Posted by: MK News
Никола Груевски е тој што успеа да ја претвори Република Македонија во заробена држава за време на неговото владеење, како што беше посочено и во извештајот на Европската комисија од 2016 година, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во писмена изјава. Смета дека барањето азил на Груевски во Унгарија е нешто што не може […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 19:37
•
Posted by: MK News
Владата обезбеди 98 милиони денари, односно околу 1,5 милиони евра, за борба против аерозагадувањето. На седницата на Владата, освенодвоените финансиски средства, е донесена одлука за измени и дополнување на Одлуката на Владата на РМ за утврдување на стратешките приоритети за 2019 година, со која намалувањето на аерозагадувањето се утврдува како стратешки приоритет за идната година. […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 19:34
•
Posted by: MK News
Со став на Фејсбук се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.. Политичкиот прогон и терор станува основен метод на дејствување на оваа власт. Имаме киднапирана држава каде граѓаните се соочуваат со растечка сиромаштија, зголемени даноци, одземено достоинство, промена на име, идентитет. Иако притисокот, поточно прогонот кој го прави власта е политички мотивиран и е евидентен […]
______________________________________________________________________________________________________