14/11/2018 19:26
•
Posted by: MK News
Министерот за внатрешни работи синоќа во емисијата “Само Вистина”, рече дека полицијата нема сознанија и го повика Јавното Обвинителство да спроведе истрага за да се дознае како и на кој начин експремиерот избегал во Будимпешта и дали некој за тоа му помогнал. Од обвинителството засега нема информација дали отвориле случај пишува Канал 5. Во отсуство […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 18:42
•
Posted by: MK News
Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ денеска обвини дека во Тетово било извршено рутинско чистење на кучињата од градот. Според нивните информации, кучињата биле отруени откако пред неколку денови се појавиле видео снимки на кои групи кучиња шетале низ центарот на Тетово. – Никој не бил виновен и не одговара што толку бездомни животни […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 18:39
•
Posted by: MK News
Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села денеска побара оставка од премиерот Зоран Заев, но и формирање експертска влада. По бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, тој побара одговорност и од сите надлежни институции, а од Јавното обвинителство да отвори постапка за сите за кои има сознанија дека му помогнале на Груевски да побегне од […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 18:36
•
Posted by: MK News
Унгарската влада соопшти дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде сослушан и во седиштето на Канцеларијата за миграција и азил во Будимпешта бидејќи тоа е законско прашање, објавува Макфакс -Никола Груевски поднесе барање за азил кај соодветната служба во Унгарија. Со оглед на фактот дека тој беше […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 18:33
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира лагите и манипулациите искажани од устата на портпаролот на единствениот политичар три пати аболициран за тежок криминал, Зоран Заев. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ниту знаел, ниту учествувал во некаков план со кој што му е овозможено на Никола Груевски да избега од Македонија. Аболицираниот Зоран Заев и министерот за прогон […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 13:45
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев денеска за медиумите кажа дека е оптимист дека Никола Груевски порано или подоцна ќе се врати во земјата и ќе ја отслужи казната. Како што порача Заев, Унгарија како држава нема да дозволи прекршување на меѓународните договори. „Дојде моментот да се прифати одговорноста. Груевски избега како кукавица надвор од Македонија. Тоа е […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 13:43
•
Posted by: MK News
Врховниот суд ги поништи пресудите за поранешниот премиер Владо Бучковски што беа донесени од Основниот суд Скопје 1 и од Апелациониот суд, а предметот за набавката на тенковски делови ќе биде вратен на ново судење во Кривичниот суд, објави Судство.мк. Како што информираат од порталот, пресудите се поништени и за поранешниот началник на Генералштабот на […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 13:41
•
Posted by: MK News
Скопјани кои поради каснување од куче побарале медицинска помош на скопските клиники, велат дека не можеле да добијат серум против беснило бидејќи го нема на Клиниката за инфективни болести. Од таму ги препратиле во Градската општа болница „8 Септември“, но и таму немало, по што се обиделе да купат и во аптека, но добиле одговор […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 13:31
•
Posted by: MK News
Во наредните шест месеци Никола Груевски ќе се води како неоправдано отсутен пратеник и ќе зема за пет отсто помала плата или околу 3000 помалку. На координацијата засега е утревдено дека не постојат услови за веднаш да му го одземе мандатот на Груевски. По изминувањето на шесте месеци неоправдано отсуство на Груевски, повторно ќе го […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 13:03
•
Posted by: MK News
Вишокот од јавната администрација ќе биде отпуштен и со преквалификација понуден на приватните компании. Ќе се чека скринингот и отворањето на поглавјата за преговори со ЕУ каде што се бараат реформи и во администрацијата. Повисоките плати од 5 отсто за идниот септември е планиранo да се случат откако ќе се знаат резултатите од контролите на […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 12:55
•
Posted by: MK News
Мерка притвор од 30 дена им е определен на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, соопшти утринава Основниот суд Скопје 1. Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителствот за гонење кривични […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 12:53
•
Posted by: MK News
Утре почнува да важи обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март следната година. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска упати апел до возачите да бидат одговорни и да ја почитуваат законската обврска. – Иако временските услови сѐ уште се стабилни, сепак во наредниот период […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 12:51
•
Posted by: MK News
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски според унгарските закони, може да побара азил врз основа на два услова – ако има статус на лице под заштита или статус на прифатено лице, а постапката би траела до 90 дена. Според унгарскиот и меѓународниот закон, во земјата секој странец има право да побара азил доколку во неговата земја […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 12:32
•
Posted by: MK News
На денешното судско рочиште за предметот „Титаник“ обвинителка рече дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски планирале да избегаат на ист начин како и Никола Груевски. Поради бегството на Груевски, доцна синоќа судот донесе решение за притвор со кое ги уважува предлозите на СЈО. “Судот за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски доцна синоќа донесе решение со […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 10:30
•
Posted by: MK News
Арсим Зеколи за актуелните настани се осврна на својот фејсбук профил. -Како што трчавте синоќа бркајќи сенки на Грујо по гаражи, повелете вечерва и утре и задутре и прекутре трчајте по Заев и барајте безусловна оставка на неговата влада. Ако не, тогаш не се жалете што ве третираат за загари, напиша Зеколи.
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 10:16
•
Posted by: MK News
Специјалното јавно обвинителство нема да бара притвoр за Сашо Мијалков кој е еден од обвинетите во случајот „Империја“. -Има веќе мерки за Сашо Мијалков и тој ги почитува мерките, како што ги почитуваше и Никола Груевски, се појавува на суд и сметавме дека е доволно. Сега веќе ќе се прават други проценки, но мислам дека […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 10:00
•
Posted by: MK News
Додека трае постапката за азил, Никола Груевски не може да биде екстрадиран во земјава, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој беше гостин во „Само Вистина“ на ТВ Канал 5, одговарајќи на прашањето дали со распишувањето на меѓународната потерница, Груевски може да биде екстрадиран во Македонија доколку постапката за барање азил е во тек. […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2018 09:50
•
Posted by: MK News
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) односно првата обвинителка во оваа институција истакна дека очекува Никола Груевски нема да добие азил во Унгарија и дека ќе биде екстрадиран во Република Македонија за одлежување на неговата затворска казна. „Јасно е дека Никола Груевски не е политичар,тој не е на висока функција, тој слободно се движеше низ Република Македонија […]
______________________________________________________________________________________________________