Archive | Македонија RSS feed for this section

ЕК за Груевски: Владеењето на правото е темелен принцип на ЕУ

Европската комисија одбива да го коментира барањето азил на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија, и потсетува дека владеењето на правото е темелен европски принцип. – Владеењето на правото е темелен принцип на Европската унија за земјите членки исто како и за земјите кандидати. Очекуваме сите страни да се однесуваат строго во согласност со релевантните […]

______________________________________________________________________________________________________

Спасовски: Судот донесе решение, веднаш ќе распишеме меѓународна потерница за Груевски

Судот го донесе решението за распишување на меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски и таа веднаш ќе биде распишана, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за телевизијата Канал 5. Спасовски вели дека по ова ќе биде информирано Министерството за правда кое ќе почне процедура за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевцски. Додека трае […]

______________________________________________________________________________________________________

Амбасадорот на Унгарија повикан во МНР

Во врска со информациите во јавноста дека поранешниот премиер Никола Груевски пребегал во Будимпешта и побарал азил во Унгарија, денес во Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Република Унгарија во Скопје, Ласло Дукс, на средба кај државниот секретар Виктор Димовски, со цел проверка на информацијата и по дипломатски канали, соопшти МНР. – Во […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР: Груевски е во Будимпешта и побарал азил

МВР вечерва потврди дека поранешниот премиер Никола Груевски е во Будимпешта. Груевски попладнево на Фејсбук објави дека е во Будимпешта и дека ќе бара политички азил. – По направените соодветни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека лицето Никола Груевски, кое се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено […]

______________________________________________________________________________________________________

Зоо Скопје доби прв еко мини бус

Зоолошка градина Скопје го поднови својот возен парк со првото електрично возило, а во план е замена на сите возила со електрични. Новиот еко бус е со капацитет за 20 посетители, а со едно електрично полнење ќе поминува до 80 километри. Во зимскиот период, посетителите ќе може да прошетаат низ Зоолошката градина движејќи се со […]

______________________________________________________________________________________________________

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и доскорешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, на влегување во Кривичниот суд во Скопје изјави дека не знае каде во моментов се наоѓа неговиот братучед и поранешен премиер Никола Груевски, по кого од синоќа со потерница трага полицијата. – Не знам – кусо одговори Мијалков на влегување во зградата на […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Треба да се утврди дали Груевски е надвор од државата за да се знае дали е во бегство или не

Не знаеме дали се работи за бегство или не. Треба да го утврдиме тоа, да констатираме дека Груевски е надвор од државата, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања. Заев уште еднаш повтори дека власта нема намера да се меша во правосудниот систем и апелира институциите да се остават да си ја завршат […]

______________________________________________________________________________________________________

300 илјади денари помош за семејството на девојчето што се удави во Вардар

Советот на општина Гостивар донесе одлука за доделување на еднократна парична помош на семејството на Џејха Меџити, од гостиварско Здуње, која минатата недела го загуби животот во водите на Вардар. Одлуката беше ставена како дополнителна точка на дневниот ред на денешната седнциа на барање на градоначалникот на општината Абен Таравари. По кусото образложение, предлог одлуката […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски се огласи на Фејсбук

„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, пишува во пораката на Фејсбук.

______________________________________________________________________________________________________

Арсовски: Не знаеме каде е Груевски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, попладнево изјави дека не знае каде се наоѓа поранешниот премиер и почесен претседател на партијата Никола Груевски и оти немаат информации дека е во Унгарија, како што беше објавено на Фејсбук профилот на Груевски. За статусот на Фејсбук, Аровски рече дека слушнал од негови партиски колеги пред денешната прес-конференција. Тој […]

______________________________________________________________________________________________________

Спасовски: Се трага по Груевски, судот да размисли зошто не одредил притвор

Поранешниот премиер Никола Груевски, за кого е издадена национална потерница за отслужување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк”, вчера бил баран во неговиот дом, а потрагата ќе продолжи на уште неколку локации. Се спроведуваат и други мерки, како прегледи на возила, а зајакнато е полициското присуство на излезот од Скопје и на граничните премини. Ова […]

______________________________________________________________________________________________________

Нема да поскапат билетите во ЈСП „Скопје“

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ нема да ги поскапи билетите за градски превоз, независно од порастот на цената на нафтените деривати. – Пласираните информации во одредени медиуми дека поскапуваат билетите ги оценуваме како неосновани и паушални. Ниту сме побарале, ниту планираме да побараме корекција, односно зголемување на цената за користење на јавниот превоз, изјави за МИА […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Груевски не би требало да си дозволи да бега

Очекувам дека нема да си дозволи да се трага по него, изјави премиерот Зоран Заев на вечерашното гостување на МРТВ. –Тој велеше дека нема да си дозволи такво нешто, барем такви се моите сознанија од кажано од Никола Груевски, рече Заев. Премиеорт потврди дека потерницата од МВР за потрага е само поради тоа што судските […]

______________________________________________________________________________________________________

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада, ова што се случува е удар врз демократијата

Да кажеме вечерва дека ова што се случува е удар врз демократијата, во најмала рака ќе биде траги-комично, ова што вечерва се случува е дно, истакна генералниот секретар на партијата Игор Јанушев. -ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада. Членовите на партијата се претресуваат и вознемируваат од страна на полициски службеници. Никогаш во историјата на независна Македонија […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкoски: Ова не е само напад врз ВМРО-ДПМНЕ, ова е напад врз слободата

Господа од власта кого залажувате и пред кого правите евтин театар сега кога на чиста правдина го посочувате прстот во ВМРО-ДПМНЕ дека наводно крие некого, лажно без аргументи?, запраша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во продолжение следува интегрален текст од неговиот Фејсбук статус. -Помина една година од убиството во Аеродром на младиот Мартин Јанушев, поминаа […]

______________________________________________________________________________________________________

Адвокатот на Груевски: Не знам каде е мојот клиент

Адвокатот на Груевски, Димитар Дангов за ТВ21 рече дека нема сознание каде се наоѓа неговиот клиент. Тој не сакаше да даде изјава, но писмено ни одговори дека Груевски нема право на жалба до Врховен суд за одлуката од Кривичен. Сепак, додаде дека ќе се искористат сите останати правни можности. Никола Груевски требаше доброволно да се […]

______________________________________________________________________________________________________

Стојанче Ангелов: Да не се вознемируваат децата и сопругата на Груевски

АПЕЛ!!! Семејството е света работа. Апелирам до целата јавност, посебно до новинарите. Молам, не го вознемирувајте семејството на Никола Груевски. Неговата сопруга и неговите деца не се виновни за неговите злодела. Оставете ги на мир, децата се деца, нема потреба дополнително да се вознемируваат и трауматизираат. Да покажеме човечност, да не бидеме како Груевски и […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ: Заев нарачал медиумите да бидат повикани пред домот на Груевски за хајката врз него

Однародената и криминална власт вечерва го допре дното и потврди дека Република Македонија нема институции туку само инструменти на криминалниот картел кои се злоупотребуваат за политички пресметки. Единствениот политичар аболициран за тежок криминал, Зоран Заев нарачал медиумите да бидат повикани пред домот на пратеникот и почесен Претседател на ВМРО ДПМНЕ , Никола Груевски за да […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1