Archive | Македонија RSS feed for this section

Потерницата по Груевски објавена на сајтот на МВР

Откако поранешниот премиер Никола Груевски не се јави на издржување на затворската казна во затворот во Шутка, а судот побара од МВР да распише потерница, полицијата веднаш го стори тоа, а потерницата веќе е објавена и на сајтот на МВР во делот „Потраги“. Никола Груевски, од татко Тало и мајка Надежда, роден на 31.08.1970 во […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицијата го побара Груевски во неговиот дом, никој не ѝ отвори (Видео)

Полициска екипа вечерва дојде во станот на поранешниот премиер Никола Груевски за да го спроведе во затворот во Шутка за издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, за набавката на мерцедесот од 600.000 евра. Радио Слободна Европа на македонски пренесува во живо од пред домот на бившиот премиер Никола Груевски

______________________________________________________________________________________________________

Град Скопје: Налепниците се дел од системското решавање на аерозагадувањето

Проблемот со загаденоста на воздухот не е од вчера, туку е повеќедецениски и за чие решавање е потребен сестран интегриран пристап, со реализација на голем број активности и мерки на краток, среден и на долг рок. Сигурни сме дека дел од решенијата нема да бидат популарни, но здравјето на граѓаните е од највисок приоритет и […]

______________________________________________________________________________________________________

Од ноќеска значително поевтини горива

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави новите цени на дериватите. Според новиот ценовник, што ќе стапи во сила од ноќеска, малопродажната цена на бензинот се намалува за 4,5 денари по литар, а на дизел горивото за 3 денари. Поточно, цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 4.50 денари, и еден литар 95-ка ќе чини 67.00 […]

______________________________________________________________________________________________________

Замрзнат имотот на осомничените во случајот „Империја“

Судија на претходна постапка постапувајќи по барања на СЈО за привремено одземање на имот заради обезбедување во случајот „Империја“ судијата определи привремени мерки и забрани отуѓување и располагање со уделите на правните лица за кои постои основано сомнение дека била прибавена имотна корист со кривичните дела за кои се води постапката. Од Кривичниот суд соопштија […]

______________________________________________________________________________________________________

Империја „испрала“ најмалку 10 милиони евра

Осомничените во Империја „испрале“ најмалку 10,5 милиони евра, покажуваат првичните истраги. Одбраната на осомничените ги обжaли одлуките за притвор. Адвокатите велат дека нивните клиенти нема да избегаат. „Империја“ на СЈО засега опфаќа 13 луѓе и мрежа на фирми, но истрагата се проширува. Осомничените во „Империја“ испрале 8 милиони евра пари од Македонија и 2,5 милиони […]

______________________________________________________________________________________________________

Распишана потерница по Груевски

По налог на Кривичниот суд, МВР попладнево распиша потерница по Никола Груевски кој се бара за отслужување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“. -Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12 ноември 2018 година во 16.30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на […]

______________________________________________________________________________________________________

Казна од 300 до 1000 евра доколку возите со несоодветна налепница

Граѓаните сами ќе ги плаќаат налепниците во црвена, жолта и зелена боја која ги најави Владата. Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, очекува налепниците да придонесат за намалување на аерозагадувањето, бидејќи како што вели транспортот е втор најголем загадувач. Макрадули вели – оваа мерка мора да се воведе со оглед на фактот што во […]

______________________________________________________________________________________________________

Несреќа на трката на Водно: Автомобил излета од патека, повредени две лица

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 11,45 часот било пријавено дека на патеката за тркање на потегот од Панорама до Средно Водно, додека траела трката на автомобили, С.Т.(36) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Југо“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола и удрил најпрвин во ѕид, а потоа во две лица Ј.Н.(39) и […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ: прогонот против Груевски е политички мотивиран

Прогонот против почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е политички мотивиран од страна на актуелната криминална и ненародна власт, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека премиерот Зоран Заев преку политичката хајка против Груевски „сака да ја дефокусира јавноста од промената на името преку амандманската расправа за промена на Уставот и катастрофалниот ребаланс на буџет, која […]

______________________________________________________________________________________________________

Османи: Има простор за прошка на тие што биле „колатерална штета“ на 27 април

Има простор да им се прости на луѓе кои се колатерална штета на една погрешна кауза, за настаните на 27 април во Собранието, вели вицепремиерот Бујар Османи во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Но процесот ќе биде во консултација со меѓународни партнери, вели тој. Што се однесува до планот 18, според Османи тој е […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за претседателските избори

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за следниот циклус претседателски избори, изјави претседателот на партијата Христијан Мицкоски за време на денешната посета во Битола. Тој посочи дека доколку парламентарното мнозинство донесе одлука, неговата партија е подготвена и за предвремени парламентарни избори. „ВМРО-ДПМНЕ ќе ги издржи сите притисоци, ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден е се посилно, ВМРО-ДПМНЕ се подготвува […]

______________________________________________________________________________________________________

Камчев: Отворени сме за соработка со СЈО, работиме законски

Извршниот директор на „Орка холдинг“, Јордан Камчев, испрати соопштение до медиумите, во врска со најновата истрага на СЈО, „Империја“ и по денешниот инспекциски надзор во дел од фирмите поврзани со „Орка Холдинг“. „Би сакал да ја информирам јавноста дека како сопственик на повеќе компании во Македонија, кои вработуваат над 3.000 лица, максимално сме отворени и […]

______________________________________________________________________________________________________

Игор Џамбазов итно однесен во болница

Шоуменот Игор Џамбазов денеска е итно однесен во болница. Игор, наводно е хоспитализиран затоа што му се влошила здравствената состојба, пишува „Вечер“. Веста ја потврдил негов близок пријател кој не открил за што точно станува збор.

______________________________________________________________________________________________________

Петмина се уапсени – Меѓу приведените Орце Камчев и Цветан Панделевски – осомничен и Мијалков

Бизнисменот Орце Камчев и неговиот деловен партнер во неколку фирми Цветан Панделевски, инаку сопственик на „Пелистерка”, се дел од приведените по истрагата на Специјалното јавно обвинителство во случајот „Империја”, пишува „Макфакс”. СЈО соопшти дека за овој случај биле приведени пет лица. Бизнисменот Јордан Камчев и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков се осомничени во истрагата […]

______________________________________________________________________________________________________

СЈО отвори истрага „Империја“ против Камчев и Мијалков, петмина приведени

По информациите за претресот кој од утрово се врши во фирмите на Орце Камчев и на други лица, СЈО излезе и со официјално соопштение наведувајќи дека презело десетина предмети од други обвинителства и денеска отворило нова истрага под кодно име „Империја“. Истрагата е против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, […]

______________________________________________________________________________________________________

Не помина предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија на крвавиот четврток

Пратениците со 50 гласа против не изгласаа да се расправа за предлог законот за амнестија на лицата обвинети, осомничени и осудени за собраниските настани од 27 април, предложен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Никола Мицевски, кордонатор на ВМРО-ДПМНЕ, потсети дека предлогот на закон за амнестија по скратена постапка е доставен пред неколку дена, а дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Одбраната ќе докажува дека Саздо починал по удар во метална кутија за струја

Удар во метална кутија за струја во една од бандерите на автобуската постројка била причина за смртта на Никола Саздовски, тврди адвокатот Алиспаиќ кој го застапува обвинетиот Скендер Демири кому му се суди за свирепо убиство, пренесе МКД.МК. Адвокатот Алиспаиќ пред судот рече дека причината за смртта на Саздовски е удар со тврд предмет на […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1