03/11/2017 17:47
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје, поднесе обвинение против десет лица за обид за убиство на пратеникот Зијаден Села за време на насилствата во Собранието од 27 април годинава. – Обвинетите сите заедно, како и со други лица за кои до овој момент не е утврден идентитетот, се обиделе да […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2017 17:45
•
Posted by: MK News
Затворски казни и надомест на штетата на НЛБ Тутуска банка. Кривичен ги осуди четворицата обвинети за најголемиот грабеж во историјата на Македонија. Првообвиентиот трезористот Бобан Смилевски кој се смета за организатор на грабежот заработи затворска казна од 9 години и 2 месеци за делата тешка кражба и затајување. За истите кривични дела неговиот брат Горан […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2017 17:44
•
Posted by: MK News
Македонската држава е буквално измислена во Југославија а со неа и нацијата, јазикот и нејзината култура. Ова е ставот на Мирослав Грчев даден за проект наречен Музеј на Југославија, каде што се собрани видео искази од интелектуалци од сите држави-наследнички на СФРЈ. Министерството за култура не одговори на барањето на Сител за коментар на ваквите […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2017 17:42
•
Posted by: MK News
42 вработени во општина Карпош останаа без работа. На 31 октомври по завршување на работното време им пристигнала смс порака од агенцијата за посредување дека нивниот работен однос е прекинат. Лица вработени во различни сектори меѓу кои со средно и со високо образование обвинуваат дека се работи за партиски реваншизам и прашуваат по кои критериуми […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2017 13:26
•
Posted by: MK News
57-годишниот маж најпрвин се шетал околу Врховниот суд, дофрлајќи им на снимателите од новинарските екипи да си заминат. Тој цело време ја држел десната рака во џеб и така се втурнал кон полицајците. Еден од полицајците успеал да му ја извади раката од џеб и да забележи дека тој држи мобилен телефон, по што веднаш […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2017 13:19
•
Posted by: MK News
Министерството за надворешни работи го осуди синоќешниот инцидент со палење на македонското знаме во Гњилане и Пеќ, откако вчера беа изречени пресудите за случајот „Диво насеље“. – МНР изразува жалење и осуда на вчерашниот чин на палење на македонското знаме од страна на припадници на навивачки групи во Пеќ и Гњилане, Република Косово. Очекуваме дека […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2017 13:15
•
Posted by: MK News
Вкупно милион и тристе илјади евра на македонска држава треба да вратат 33 сега веќе осудени терористи од кумановскиот случај „Диво Насеље“. Сумата опфаќа трошоци за бензин, судски трошоци, судски преведувачи, керозин за хеликоптерите на МВР, за обдукциите, преведувачи и здравствени услуги. Шестнаесет од осудените по правосилноста на пресудата ќе бидат протерани од Македонија и […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2017 13:09
•
Posted by: MK News
Четворицата обвинети за грабежот во НЛБ Тутунска банка добија вкупно 20 години затворска казна. На првообвинетиот Бобан Смилевски денеска му беше изречена казна затвор од девет години и два месеца за кривичните дела затајување и тешка кражба. Неговиот брат Горан како второобвинет доби шест и пол години, третообвинениот Борис Мичевски пет години и два месеца, […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2017 13:05
•
Posted by: MK News
Променливо облачно со сончеви периоди, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта ќе има повремен слаб дожд, особено во западните и северните делови, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб повремено умерен северозападен ветер, кој ќе биде повеќе изразен во ноќните часови. Максималната температура ќе биде во […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2017 13:01
•
Posted by: MK News
Основниот суд Скопје 1 денеска ја изрече и последната пресуда за случајот „Диво насеље“. Доживотна казна затвор му е изречена за Сулејман Османи од село Брест, еден од организаторите на насилствата во кумановската Дива населба во мај 2015 година во кои загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили. Сулејман Османи од село Брест во судница […]
______________________________________________________________________________________________________
02/11/2017 14:58
•
Posted by: MK News
Неколку полицајци интервенираа откако непознато лице се приближи до нив при што им се обрати. Човекот се доближи и му кажа нешто на еден од полицајците по што останатите припадници на МВР му го одзедоа ранецот и го однесоа во полициска станица. Неофицијално од МВР за А1он велат дека се работи за лицето Ибруш Ибраими […]
______________________________________________________________________________________________________
02/11/2017 14:12
•
Posted by: MK News
Седум доживотни казни затвор, 13 по 40 години, шест по 20 години, една од 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години затвор и четири ослободителни пресуди, им одреди денеска Кривичниот суд на обвинетите за настаните во кумановската Дива населба во мај 2015 година во кои загинаа осуммина припадници на македонските […]
______________________________________________________________________________________________________
02/11/2017 12:34
•
Posted by: MK News
На првообвинетиот во случајот „Тврдина 2“ Горан Грујевски, поранешен началник во УБК, ќе му се суди во отсуство, одлучи денеска судијката Лидија Петровска. На денешната главна расправа по овој предмет, Петровска го отфрли барањето на Љупчо Шврговски, адвокат на Грујевски, да се одложи судењето на неопределено време, додека не се заврши неговата екстрадиција од Грција […]
______________________________________________________________________________________________________
02/11/2017 12:21
•
Posted by: MK News
Кривичниот суд го прифати предлогот на скопското обвинителство и му го одзеде пасошот на поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, и на уште пет негови соработници, потврдија од Судот. Според одлуката, на Митровски и петтемина соработници им е забрането и да го напуштат Скопје и имаат обврска да се јавуваат во судот. Основното […]
______________________________________________________________________________________________________
02/11/2017 12:05
•
Posted by: MK News
Покачувањето на акцизата на нафтата која од наредната година ќе ја дигне цената на дизелот во малопродажба за 3,5 денари по литар ќе биде вистински ценовен шок за граѓаните.Покрај тоа што ќе се зголемат трошоците на секое семејство кое поседува дизел автомобил, ќе се покачат и цените на сите останати производи, бидејќи најголем дел од […]
______________________________________________________________________________________________________
02/11/2017 12:01
•
Posted by: MK News
Владата го усвои предлогот на МНР за отповикување на почесниот конзул на Република Македонија во Кралството Шпанија, со седиште во Барселона, со образложение дека против него е поведена кривична постапка што преставува пречка за натамошно извршување на функцијата. Македонскиот почесен конзул, Шпанецот Марио Деус во април годинава е уапсен во Кејп Таун, Јужна Африка, под […]
______________________________________________________________________________________________________
02/11/2017 12:00
•
Posted by: MK News
Во рамки на Буџетот за 2018 година планирани се вкупни приходи на 193, 5 милијарди денари, односно 4,7 отсто повисоки од годинава. Расходите се планирани на 211, 7 милијарди денари, односно 4,1 отсто повисоки од годинава. Буџетскиот дефицит ќе изнесува 18, 2 милијарди денари, односно дефицит од 2,7 отсто од БДП.Овие мерки предложени од Министерството […]
______________________________________________________________________________________________________
02/11/2017 11:59
•
Posted by: MK News
– Се води истрага против двајца високи претставници на власта по дојава од граѓани за корупција, рече премиерот Зоран Заев во денешното обраќање на панел дебата на Самитот Македонија 2025. – Доколку ние ги фокусираме нашите напори да ја искорениме корупцијата, овој чекор ќе биде силен ветер во грб за целото општество. Но, исто така, […]
______________________________________________________________________________________________________