07/11/2017 17:22
•
Posted by: MK News
Под влијание на циклон од Медитеранот во текот на ноќта во Македонија се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд кои од запад ќе се прошируваат кон исток. УХРМ соопшти дека врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет ќе има и утре во текот на денот. Локално тие ќе бидат пообилни и понекаде ќе наврнат и […]
______________________________________________________________________________________________________
07/11/2017 17:18
•
Posted by: MK News
Владата на Република Македонија на денешната седница донесе заклучок да му предложи на Собранието за државен јавен обвинител да го именува Љубомир Јовески, член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија. Владата оваа одлука, како што соопшти владината прес-служба, освен врз основа на професионалната биографија на Љубомир Јовевски, ја донесе и врз основа на […]
______________________________________________________________________________________________________
07/11/2017 17:16
•
Posted by: MK News
Не стивнуваат заканите по пресудата за Диво насеље. Генералниот штаб на УЧК со седиште во Скопје бара Албанците во земјава најдоцна до утре да ги напуштат сите државни институции во кои се вработени. Албанската новинаска агенција Лајм го објави документот со кој УЧК им постави 72-часовен ултиматум на Албанците во Македонија. Со истиот документ Ослободителната […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2017 20:29
•
Posted by: MK News
Зелените полиња кои гарантираат чист воздух вчера се обоија во портокалово и виолетово. Канцерогените ПМ честички неколкукратно ги надминаа дозволените вредности. Густи магли од смог надвиснаа над скопски Центар и Карпош како и Аеродром. Таму, во приквечеријата воздухот станува опасен по здравјето на граѓаните. Покрај скопјани, естремно загаден воздух дишат и битолчани, тетовци и кумановци. […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2017 20:20
•
Posted by: MK News
Четврти ден од убиството на фудбалерот Мартин Јанушев, полицијата се уште трага по убиецот. Од МВР велат интензивно работат на расчистување на случајот во соработка со Основното јавно обвинителство, но во интерес на истрагата, велат не откриваат повеќе информации. Во јавноста и на социјалните мрежи се пишува за повеќе сценарија околу овој случај, од „расчистување“ […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2017 20:20
•
Posted by: MK News
Утре во западните и југозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Во текот на ноќта кон среда почнувајќи од западните делови врнежите ќе се интензивираат и в среда ќе се прошират и кон исток, соопшти УХМР. Локално се очекуваат пообилни врнежи, особено на запад и во југоисточните делови. Ќе дува умерен, […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2017 20:13
•
Posted by: MK News
Од први јануари некои домаќинства ќе плаќаат поскапа вода.Нашите сметки се очекува да се зголемат за околу 3%. Од Регулаторната комисија за енергетика информираат дека на 15 ноември ќе се одлучи до каде ќе можат да се движат цените, а општинските совети ќе гласаат за новите тарифи. Од Комисијата засега не откриваат кои општини ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2017 20:09
•
Posted by: MK News
Министерството за правда ги испратило документите за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски до грчките власти, потврдија од Министерството за МИА. Судењето на Грујевски и Бошковски во Солун е закажано за 1 декември. Од Министерството посочуваат дека не се знае кога може да се очекува нивната екстрадиција во Македонија. Грујевски и Бошкоски се обвинети […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2017 20:07
•
Posted by: MK News
Полицијата сеуште трага по убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев кој беше изрешетан викендов во скопски Аеродром. Мартин како што раскажуваат оние кои го познавале за телма, периодов бил вознемирен, добивал заканувачки пораки на телефон, а дел од роднините велат дека тој дента и во кафулето се видел со лица поврзани за убиството, но мотивот засега […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2017 13:20
•
Posted by: MK News
Специјалното јавно обвинителство побара од судот затвор за поранешниот началник на петтата управа во УБК, Горан Грујевски, а за службеничките во УБК алтернативни мерки. Обвинителката Ленче Ристоска рече дека конечно по една година дошло крај на постапката со прислушување. Македонија, како што рече таа, стана број еден во светот. „Бевме изненадени кога во 2016 откривме […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2017 13:16
•
Posted by: MK News
Буџетските корисници имаат поголеми барања за 500 милиони евра. Ако се исполнеа сите нивни желби за покачување на платите, буџетскиот дефицит ќе биде осум, а не 2,7 отсто од БДП, рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски, презентирајќи го Предлог- буџетот за 2018 година пред членките на Стопанската комора на Македонија. Тевдовски напомена дека првпат […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2017 13:01
•
Posted by: MK News
Управата за јавни приходи на 15-ти ноември ќе организира јавна аукција и комерцијална продажба на голем број на предмети запленети од даночните обврзници. На таа аукција, меѓу другото, ќе биде понудено градежно неизградено земјиште во Свети Николе за околу 55.000 евра, повеќе магацини во општина Чашка за околу 95.000 евра, автомобил Мерцедес и Фиат Пунто […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2017 12:58
•
Posted by: MK News
На Фејсбук профилот на премиерот Зоран Заев, е објавено дека Владата на Р. Македонија преку проект обезбедила 150.000 евра за реставрација на гробното место на Тоше Проески. Владата преку проект обезбеди 150.000 евра за реставрација на гробното место на нашата музичка икона Тоше Проески. Ова е најмалку што можеме ние како држава да направиме за […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2017 12:56
•
Posted by: MK News
Зоран Стефановски, поранешниот претседател на Советот за радиодифузија загинал синоќа во тешка сообраќајна несреќа што се случила околу еден часот по полноќ во Скопје. До несреќата дошло кога Стефановски со својот автомобил „рено меган“ движејќи се по булеварот Никола Карев излетал од патот и удрил во рекламен билборд, по што веднаш бил пренесен во ГОБ […]
______________________________________________________________________________________________________
06/11/2017 00:05
•
Posted by: MK News
Денес во Кочани, на стадионот „Никола Мантов“ се одвиваше вистинска драма. Се играше 23. минута од натпреварот во Првата фудбалска лига за жени помеѓу Кочани– Њу Јорк кога гостинскиот играч со број 8, Исмани Сумеја одеднаш се струпули на тревата, а притоа околу нејзе немаше противнички играч. На терен експресно брзо влезе лекар, но веднаш […]
______________________________________________________________________________________________________
05/11/2017 23:48
•
Posted by: MK News
Полицијата ја затвора истрагата за убиството на дваесет и осум годишниот Мартин Јанушев кој во петокот вечерта со неколку истрели во главата беше убиен пред кафулето „Ред кафе“ во Аеродром.МВР сослушува сведоци на грозоморното убиство кое се случи вчера попладне во скопски Аеродром, за да се открие идентитетот на напаѓачот или напаѓачите кои го усмртија […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2017 19:40
•
Posted by: MK News
Едно лице е тешко повредено во оружен инцидент на улицата „Владимир Комаров“ во скопската општина Аеродром, пред кафулето „Ред Кафе“. Инцидентот се случил вечерва во 18 часот. Полицијата потврди дека нападнатиот бил застрелан по што веднаш со приватно возило е префрлен во болница каде му се врши операција. Очевидци за агенцијата МИА тврделе дека напаѓачот […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2017 17:59
•
Posted by: MK News
МВР информира дека поради верскиот празник Задушница, утре и задутре во периодот од 6 до 16 часот ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот кај гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров. Поради изведување градежни работи ќе биде затворен и дел од улица Александар Урдаревски (во реонот на гробиштата Бутел). […]
______________________________________________________________________________________________________