Archive | Македонија RSS feed for this section

Денеска ќе се донесе пресудата за „Дива населба“

Засилено полициско присуство е забележливо претпладенво пред и во Кривичниот суд каде што денеска треба да биде соопштена пресудата за настаните во кумановската Дива населба во мај 2015 година во кои загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили. Сообраќајот пред судот се пренсочува, а повремено надлетуваат и полициски хеликоптери. Пресудата за овој случај требаше да […]

______________________________________________________________________________________________________

Сокол Митровски доби домашен притвор

Поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митровски, утринава беше приведен, заедно со уште осум лица кои постапиле незаконски и злоупотребиле службена положба и овластување за градење објекти и доделување правен статус на бесправни градби во висина од 4.100.090 денари. На поранешниот градоначалник му е одреден домашен притвор. На сите обвинети им се одземени и пасошите.

______________________________________________________________________________________________________

ОЈО нареди истрага против 9мина за легализација на дивоградби, се бара куќен притвор

Скопското Јавно обвинителство донесе наредба за истрага против девет лица осомничени дека во 2014 година постапиле незаконски при одлучувањето во постапки за поднесени барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, со што нанеле штета во висина од 4.100.090 денари. „Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против девет лица […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсен екс градоначалникот на општина Ѓорче Петров

Поранешниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, заедно со уште неколку други лица, утринава е приведен за злоупотреба на службената положба и овластувањата, дознава МИА од полициски извори. Според првичните сознанија, што беа споделени во одреднеи медиуми, Митровски е уапсен за незаконска пренамена на земјиште на територијата на општината и за незаконско давање под […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве кога ќе падне првиот снег во Скопје

Метеоролозите велат дека оваа зима, снег во Скопје скоро и нема да видиме. Првите слаби врнежи може да се очекуваат на крајот од последната недела во декември, но со оглед на температурите и врнежите од дожд, снегот, ако воопшто падне, нема да се задржи на земјата. Дека не чека блага зима потврдува и државниот хидрометеоролошки […]

______________________________________________________________________________________________________

Спасовски: Нема спас за тие што пукаа на прославата на ДУИ

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во денешното гостување на Канал 5 рече дека оние што со огнено оружје „славеа“ во Чаир нема да се спасат. -Веднаш по настанот преземавме мерки за пукањето во Чаир и работиме на целосно расчистување на случајот. МВР постапува неселективно. Исто така, постапуваме и по настанот кога лице со оружје […]

______________________________________________________________________________________________________

Од СДСМ во Сител ќе се слеат 125.000 евра за реклами и пропаганда

Во вториот круг од локалните избори, за период од 14 до 27 СДСМ потрошила 171.181 евра, а имала приходи во вкупен износ од 176.597 евра. Во третиот финансиски извештај од локалните избори партијата има заштеда од 5.416 евра, објави Фокус. Преку донации од физички лица партијата собрала 37.335 евра, а од фирми 2.400 евра. Меѓу […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицковски поднесе оставка од Советот на Град Скопје

Христијан Мицкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на советничката листа на коалицијата предводена од оваа партија, денеска објави дека се повлекува од местото советник во Град Скопје. – Ми беше чест и задоволство што ја предводев градската листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија – пишува Мицкоски, кој им се заблагодарува на близу […]

______________________________________________________________________________________________________

Список на новите градоначалници – Ова се жените кои ќе седнат во градоначалничките фотелји

По вториот круг, бројката на жени градоначалнички се зголеми. Соња Стаменкова ќе седне во градоначалничката фотелја на Македонска каменица, додека во Могила ќе седне Јасмина Гулевска. Градоначалник на Битола е Наташа Петровска, додека Теута Арифи доби втор мандат во Тетово.На локалните избори се гласаше во 80 општини како и во главниот град СДСМ – 57, […]

______________________________________________________________________________________________________

Коѕијас: Македонија е дар од Бога, но избрала погрешен кум

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас изјави дека разликите за името не значат дека Грција е против постоењето на Македонија, но смета дека освен името, главен проблем со неа е иредентизмот. – Всушност во односите меѓу Атина и Скопје има два проблема, првиот е досегашната неодговорност, а вториот е чувството на Македонија дека Грција не […]

______________________________________________________________________________________________________

Директорот на НЛБ Банка си поднесе оставка

Љубе Рајевски долгогодишен директор во НЛБ Банка си поднесе оставка. На седницата на Надзорниот одбор на Банката одржана на 27 месецот, Љубе Рајевски, поднел писмено барање за откажување на менаџерскиот договор исклучително од лични причини. Со што останува на фукцијата се до крај на годината, стои во известувањето до Македонската берза од страна на НЛБ.

______________________________________________________________________________________________________

ДУИ објави победа во Сарај

ДУИ објави победа во Сарај на вториот круг од Локалните избори кои се одржаа денеска. Според податоците, ДУИ има 9.213 гласови, наспроти БЕСА за кои има 8.034 гласа.

______________________________________________________________________________________________________

Ружди Љата старо-нов градоначалник на Дебар

На денешниот втор круг од локалните избори дебарчани повторно му ја дадоа довербата на Ружди Љата, кој на оваа функција беше и изминатите четири години. Според изборниот штаб на ДУИ за Дебар, Љата добил над 700 гласови повеќе од неговиот против кандидат Арбен Аголи од Алијансата за Албанците. Во седиштето на огранокот на ДУИ веќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Алијансата објави победа во Гостивар

Во Гостивар на вториот круг од Локалните избори Арбен Таравари води пред противкандидатот Бејта. Според информациите, таравари води со 1.400 гласа разлика.

______________________________________________________________________________________________________

Спасовски: Македонија горда на одржаните фер, демократски и мирни избори

По долго време Република Македонија е горда што имаше фер, демократски и мирни избори, оцени денеска на прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по завршување на вториот круг од изборниот процес на Локалните избори и се заблагодари на полицијата за покажаната професионалност и успешното и ефикасно извршување на зададените задачи. – Не се […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски побара ново СЈО за изборите

На прес-конференција вечерва, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изјави дека не ги признаваат овие избори кои за нив се нефер и недемократски и дека бараат итни предвремени парламентарни избори. објави и 7 барања од ВМРО-ДПМНЕ:Организирање на предвремени парламентрани избори согласно Пржинскиот модел кои ќе бидат спроведени од техничка Влада, на исти начин како што беа […]

______________________________________________________________________________________________________

ДИК: СДСМ води во Кисела Вода, Бутел и Шуто Оризари, ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба

Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија, во скопската општина Бутел води Велимир Смилевски од СДСМ со 57,08 отсто, пред Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ со 39,94 отсто од гласовите. Во Кисела Вода со 50,41 отсто води Филип Темелковски пред Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ со 46,32 отсто. Во Гази Баба води Тони […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР: Тепачка во Шутка и три фотографирања на гласачко ливче ВИДЕО

Досега не се регистрирани поголеми нарушувања на гласањето од вториот круг на локалните избори освен четири поединечни случаи, соопштија од МВР. Три од случаите се однесуваат на фотографирање на гласачко ливче. Еден е регистриран во Шуто Оризари, друг во скопската населба Црниче и третиот во Пробиштип. Во првиот круг, вакви инциденти имаше десет во цела […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1