06/10/2017 15:13
•
Posted by: MK News
Вчера околу 20,00 часот, било пријавено дека на автопатот Куманово–Скопје, во с.Дељадровци, С.Ј.(58) и неговата сопруга Б.М.(43) додека се движеле со патнико возило “Рено Клио“ биле пресретнати и насилно застанати од друго возило во кое биле четири непознати, маскирани, лица вооружени со огнено оружје. Непознатите лица насилно ги извадиле од нивното возило С.Ј. и Б.М., […]
______________________________________________________________________________________________________
06/10/2017 15:08
•
Posted by: MK News
Вчера околу 19,45 часот во СВР-Скопје било пријавено дека истиот ден околу 19,00 часот во ПС-Центар дошол Б.Б. (36) од с.Љубин-скопско, (кандидат за градоначалник на општина Сарај од политичката партија“Беса“) и пријавил дека во текот на денот добил СМС порака на неговиот телефон со заканувачка содржина. Бидејќи Б.Б. требало да одржи ненајавен митинг во с.Сарај […]
______________________________________________________________________________________________________
06/10/2017 13:35
•
Posted by: MK News
За виновен се изјасни обвинетиот за напад на Радмила Шекеринска, во Собранието на 27 април 2017 година. На денешното судско рочиште обвинетиот Панче Ангелов изјави дека се чувствува виновен за кривичното дело што е наведено во обвинителниот акт. Тој ја повлече за коса Шекеринска. Во обвинението се истакнува дека Ангелов бил во првата група која […]
______________________________________________________________________________________________________
06/10/2017 13:05
•
Posted by: MK News
Времето денес: Претпладне сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува, особено во западните и северозападните делови на земјава каде во вечерните часови ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На планините повисоки од 1500 м.н.в ќе има и врнежи од снег, […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2017 17:26
•
Posted by: MK News
Заврши претресот на СЈО во канцелариите на екс претседателот на Кривичен суд, Владимир Панчевски. Истражителите влегле во судот во 12.30 часот, а екипата истражители ја предводат обвинителките Катица Јанева и Ленче Ристоска. Од СЈО и од МВР ја потврдуваат акцијата. Четири часа истражителите на СЈО беа во зградата на Основниот суд Скопје 1. Еден час по […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2017 17:04
•
Posted by: MK News
Скопјани од денеска на домашна адреса може да добијат изводи од матичната книга на родени и на венчани. За тоа ќе треба да се регистираат на веб-страницата на Управата за водење на матичните книги (УВМК) или на нивниот е-портал uvmk.gov.mk, да пополнат барање и по уплата ќе добијат нотификација и време за испорака на документот […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2017 17:03
•
Posted by: MK News
Од месноста „Зајчев Рид“, кандидатот за градоначалник на Општина Карпош и претседател на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, денеска ја презентираше една од петте стратешки цели за развој на Опшината. Како што истакна Јакимовски, во тој предел и во пределот на касарната „ Илинден“, локалната самоуправа ќе додели околу 500 парцели општинско земјиште на […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2017 13:53
•
Posted by: MK News
Утрово во 4 часот на КАРИЛ во Скопје почина Алит Абази од Кичево, кој беше кандидат за советник на локалните избори во родниот град. Тој беше ранет на 26 септември. Полицијата извести дека тој инцидент не бил поврзан со изборниот процес, туку била приватна расправија на која и претходела и судски процес. Во тешкиот инцидент […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2017 13:33
•
Posted by: MK News
Во петок во поголем дел од денот времето ќе биде претежно сончево и топло. Значителна промена на времето се очекува од петок кон крајот на денот кога под влијание на влажен и студен воздушен бран облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во сабота, кога на места […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2017 13:19
•
Posted by: MK News
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ќ.К. (60) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“, предвидено и казниво во член 418-г став 2 од КЗ на РМ. Пријавениот искористил згодна прилика и грабнал 11-годишно дете, кое престојувало во Прифатен центар за бездомни […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2017 13:15
•
Posted by: MK News
Изводи од матичната евиденција ќе се доставуваат до домашната адреса на граѓаните, предвидува новиот проект што ќе го промовираат денеска Управата за водење на матичните книги и Македонска пошта ад Скопје. Деталите за проектот ќе ги соопштат директорите на Управата за водење на матичните книги и на Македонска пошта Скопје, Ѓоко Котевски и Фаадис Реџепи
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2017 13:10
•
Posted by: MK News
Застреланиот носител на независната кандидатска листа во Кичево утрово им подлегнал на повредите, на Клиниката на интензивна нега во Скопје, дознава Пресс24 од извори во болницата. Алит Абази беше застрелан во центарот на Кичево, минатата недела, кога во него пукаше 58-годишниот Абдула Абдули. Покрај Абази, со прострелни рани се здоби и шефот на неговиот изборен […]
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2017 00:01
•
Posted by: MK News
Врнежи од снег на планините и формирање снежна покривка, како и нагло намалување на температурата за 15 степени, најавуваат метеоролозите за претстојниот викенд. Врнежи од снег ќе има особено во северните делови каде што снежната граница можно е да се сушти и под 1500 метри н.в. и ќе се формира снежна покривка. Под влијание на […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2017 23:45
•
Posted by: MK News
Со 8 прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир, министерот за внатрешни работи денеска се пофали дека го затворил случајот со нападот врз градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам. Меѓу пријавените е и самиот Бајрам кој се уште закрепнува од повредите. Спасовски вели дека комплетно е расчистено и пукањето во Кичево во кое […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2017 23:44
•
Posted by: MK News
Не ја издржа битката за живот. Почина и бебето на 30 годишната родилка од Желино која во петокот ноќта не го преживеа породувањето во тетовската болница. Новороденчето во тешка состојба било пренесено на Клиниката за детски болести. Лекарите на одеделот за интензивна нега веднаш го приклучиле на апарати, но лекувањето заврши без успех. – За […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2017 23:42
•
Posted by: MK News
Земјотрес од 3,7 степени по Рихтеровата скала пред четириесетина минути беше почуствуван попладнево во Источна Македонија. Според Европскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил на 5 килмотери северо-западно од Пехчево и 10 километри северо-источно од Владимирово, на 2 км длабочина. Еден час претходно, на овој земјотрес му претходел и помал земјотрес од 2,7 степени.
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2017 14:58
•
Posted by: MK News
Десетта година по ред, СиЊуз (анг. “SeeNews“, www.seenews.com), провајдер на деловни информации, го објавува своето годишно рангирање на првите 100 компании со најголеми вкупни приходи за 2016 година, како и првите 100 најголеми банки по вкупна актива и најголемите 100 осигурителни компании по бруто премии во Југоисточна Европа. Покрај водечкото рангирање на најголемите нефинансиски компании […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2017 14:42
•
Posted by: MK News
Заменикот министер за здравство Гоце Чакаровски од неодамна бил назначен за национален советник на министерот за гинекологија, дознава Сител. Од неговиот кабинет ниту негираат, ниту потврдуваат. Интересно е што неговото име го нема на листата која минатата недела излезе во јавност. Набргу потоа сеуште актуелниот прв човек на здравството Арбен Таравари и државниот секретар Владимир […]
______________________________________________________________________________________________________