22/07/2017 13:17
•
Posted by: MK News
Припадници на Министерството за внатрешни работи денес во атарот на селото Блаце, во близина на регионалниот пат кон Косово во канал покрај земјен пат пронашле арсенал оружје -Пронајдени се два рачни ракетни фрлачи М57, седум рачни бомби, пет запалки за рачни бомби, пушкомитралез од кинеско производство, пушкомитралез со пригушивач за пламен 7,62 мм од руско […]
______________________________________________________________________________________________________
22/07/2017 13:06
•
Posted by: MK News
На граничните премини Богородица и Дојран утринава за излез од државата се чека од 30 минути до еден час. Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, на граничниот премин Богородица се чека еден час, додека на граничниот премин Дојран околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања. Интензитетот на сообраќајот […]
______________________________________________________________________________________________________
21/07/2017 19:10
•
Posted by: MK News
Министерството за труд и социјална политика испрати соопштение за нерегистрираната градинка „Пчела“ во Чаир. Од Министерството денеска испратиле инспектори од Секторот за инспекциски надзор над примената на законските и други прописи од областа на социјалната заштита и заштита на децата.Со вонредниот инспекциски надзор на локација во Општина Чаир, по дојава за работа на предучилишна установа […]
______________________________________________________________________________________________________
21/07/2017 19:06
•
Posted by: MK News
Градинка во Македонија повеќе личи на верско училиуште, отколку на установа за едукација и за згрижување деца. Во детската градинка „Пчела“, која се наоѓа во Скопје, врз основа на фотографии и видеа што ги има објавено на социјалната мрежа „Фејсбук“, може да се види дека таму децата активно се занимаваат со учење на исламот, иако […]
______________________________________________________________________________________________________
21/07/2017 12:49
•
Posted by: MK News
Во врска со земјотресот во кој се случи во Република Турција и Грција Министерството за надворешни работи информира дека е во постојана комуникација со Амбасадата на Република Македонија во Анкара и Канцеларијата за врски на Република Македонија во Атина. Согласно официјалните информации од надлежните турските и грчки органи, засега нема сознанија за повредени македонски граѓани, […]
______________________________________________________________________________________________________
21/07/2017 12:27
•
Posted by: MK News
Израелскиот амбасадор во Македонија, Дан Ориан на својот Фејсбук профил објави фотографија од себеси како прави стој на раце покрај фонтаната на плоштадот „Македонија“ во Скопје. „На пат кон следната средба после средбата со новиот министер за надворешни работи. Застанав за момент, веднаш до фонтаните во центарот, ги спуштив сакото и актовката долу и… знаете…“, […]
______________________________________________________________________________________________________
21/07/2017 12:09
•
Posted by: MK News
Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА вели дека е задоволен од она што досега е направено во Парламентот и покрај последиците од настаните од 27 април, кога беше неговиот избор. Локалните избори, доколку се оди по планот, ќе ги распише на 6-ти август, а по овој датум годинава би можел да започне […]
______________________________________________________________________________________________________
21/07/2017 12:04
•
Posted by: MK News
Јована Аврамовска е новиот портпарол на Министерството за финансии. Аврамовска беше дел од тимот на сатиричната емисија „Фчерашни вести“ што се емитуваше на телевизија Телма.
______________________________________________________________________________________________________
21/07/2017 12:02
•
Posted by: MK News
Убеден сум дека не постои кривично дело кое сум го сторил. Ова е политички прогон. Едвај чекам да почне судењето за да се увери јавноста во мојата невиност. Ова беа дел од зборовите со кои екс премиерот Никола Груевски се бранеше пред Апелацискиот суд. Тој исто така истакна дека нема намера да бега, туку да […]
______________________________________________________________________________________________________
20/07/2017 13:55
•
Posted by: MK News
Видео објавено на Фејсбук страницата „Ѕид на сообраќајниот срам“ а на кое се гледа пензионер како јаде сарма во автобус на линијата „57“ на ЈСП.
______________________________________________________________________________________________________
20/07/2017 13:42
•
Posted by: MK News
Текстот на договорот за добрососедство со Македонија е финализиран и бугарската страна нема намера да води нови преговори. Договорот е важна нова страница во односите меѓу двете земји, но по потпишувањето останува да се заврши уште многу работа, изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева во интервју за Бугарската телевизија, пишува […]
______________________________________________________________________________________________________
20/07/2017 13:26
•
Posted by: MK News
Вчера во 17.20 часот во ПС Карпош К.Б.(37) од Скопје, пријавила дека во 16.35 часот низ централно градско подрачје додека се возела со своето патничко моторно возило, од страна на засега непознато машко лице кое управувало патничко моторно возило марка “Шкода Суперб“ со непознати регистарски ознаки во повеќе наврати пробувало да предизвика сообраќајна незгода. Пријавителката […]
______________________________________________________________________________________________________
20/07/2017 13:20
•
Posted by: MK News
Нов топол бран со постојан пораст на температурата која ќе достигне и до 40 степени ќе ја зафати земјава од викендов до вторник. Температурата ќе се движи утре од 28 до 36, во сабота од 32 до 38, во недела од 33 до 39, понеделник од 34 до 40, вторник од 34 до 39 во […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 18:44
•
Posted by: MK News
Одложено деактивирањето на бомбата тешка 130 килограми од втората световна војна која веќе 3 недели стои во индустриската зона во Штип. На меѓусебната координација помеѓу Центарот за Управување со кризи, АРМ и МВР беше договорено најдоцна до денес, среда, да биде детонирана на лице место, но, самите не си ја испочитуваа својата одлука. – Претставниците […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 18:41
•
Posted by: MK News
Собраниските служби добиле предлог за измена на Законот кој забранува пушење во локали. Предлогот е поднесен од неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство. Во нивното образложение се вели дека овој предлог се поднесува по скратена постапка поради влошената економска состојба на угостителите кои во последните години поради ригорозните мерки и екстремно високите казни имаат намален промет, […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 17:02
•
Posted by: MK News
Голем пожар во селото Чашка, Општина Ѓорче Петров Голем пожар во атарот на с. Чашка, Општина Ѓорче Петров зафати борова и друга шума. Во гаснење на пожарот се вклучени екипи на противпожарната едница Скопје, П.С Ѓорче Петров ,вработени од ЈП „ Македонски шуми“ како и вработени од комуналните единици од општината. Во моментов, во гаснење […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 13:38
•
Posted by: MK News
Специјалното јавно обвинителство на јавна седница во Апелациониот суд побара притвор за градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски обвинет во случајот „ТНТ“, а одбраната на Трајковски бара да му се врати пасошот. Еден од аргументите на СЈО е тоа што градоначалникот добил три уредни покани за да даде исказ во СЈО, но тој не се […]
______________________________________________________________________________________________________
19/07/2017 12:52
•
Posted by: MK News
Најголемата нискобуџетска авиокомпанија во регионот на Централна и Источна Европа „Визер“ соопшти дека патниците од 29 октомври нема да плаќаат доплата за внесување поголем рачен багаж во патничката кабина на сите летови. „За летовите пред 29 октомври 2017 година цената на билет во еден правец опфаќа даноци, административни и други задолжителни такси и мала кабинска […]
______________________________________________________________________________________________________