Archive | Македонија RSS feed for this section

Вторник неработен за сите граѓани на Македонија

Денот на народното востание 11 Октомври 2016 година (вторник), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на сите граѓани на Република Македонија. им го честитаат Денот на народното востание.

______________________________________________________________________________________________________

Тројца мажи останаа без прсти при мелење пиперки со бормашина во Кавадарци

Тројца мажи во Kавадарци изгубиле прсти додека мелеле пиперки за ајвар со помош на електрична бормашина, објави „Дневник“. Немилите настани се случиле изминативе неколку дена, а вчера сите тројца биле оперирани во ист ден. Информацијата ја потврди началникот на хируршкото одделение при Општата болница во Kавадарци, д-р Дано Kулев. ,,Kако што самите објаснија, на сите […]

______________________________________________________________________________________________________

Денес и земјотрес од 6,1 како скопскиот нема да направи штета како во 1963 година

Скопје повторно го тресат афтершокови по земјотресот на 11 септемвти годинава, кој по рихтерова скала беше 5,3 степени. Според сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет ПМФ, вчерашниот земјотрес во Скопје во 12:52 минути кој беше почувствуван во Скопје, бил со јачина од 3.1 степен според европската макросеизмичка скала, а епицентарот бил на 6 километри источно, на […]

______________________________________________________________________________________________________

Министерство за култура: ЗАМП се служи со груби невистини и ја манипулира јавноста

Наводите изнесени денеска во дневниот печат како реакција на Здружението за заштита на авторските музички права „ЗАМП“ – Скопје, а по повод соопштението на Министерството за култура по одлуката на ЗАМП за забрана за емитување на музички дела по пат на радиодифузно емитување, се неточни и целосно невистинити и истите претставуваат грубо клеветење на Министерството […]

______________________________________________________________________________________________________

Оливер Спасовски му забранил на заменикот министер Андонов да дава изјави без тој да му дозволи

Дополнителениот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов на денешната прес конференција објави скандал во кој на виделина излегува врвот на незаконско работење и самоволие на привремениот министер за внатреши работи Оливер Спасовски. Андонов вели дека Спасовски го достигнал дното на професионално и политички коректко однесување. Во продолжение Ви пренесуваме дел од прес конференцијата на […]

______________________________________________________________________________________________________

Десет дена порано: Од утре почнува грејната сезона

Поради падот на температурите, од утре, 5 октомври, десет дена порано, почнува новата грејна сезона за потрошувачите кои се во системот на Балкан енерџи во Скопје. – Согласно регулативите, снабдувањето со толинска енергија на тарифните потрошувачи може да почне и пред 15. октомври ако прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала […]

______________________________________________________________________________________________________

Летово има над 100 заразени меѓу кои и со сифилис

Во пораст сексуално преносливите болести во Македонија. Само летото официјално во ИЈЗ евидентирани се над 100 заболени. Повеќето имале хламидија, а регистрирани се и случаи со гонореја, херпеси и сифилис. Според дерматовенеролозите после Сидата, сифилисот е најсериозен од оваа група заболувања, а може да биде и фатален. -Во четвртиот стадиум сифилисот може да зафати многу […]

______________________________________________________________________________________________________

Димовски: Неприфатливи се нови барања за СЈО надвор од договорот од Пржино

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ останаа на ставовите кои што ги кажаа во однос на барањата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а тоа е дека нема да прифати никакво разгледување на какви било барања на Специјалното јавно обвинителство од неколку причини, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. […]

______________________________________________________________________________________________________

Двојна трагедија во Штип: Возачот кој усмрти велосипедист, почина од шок

Возач прегазил велосипедист на локалниот пат Штип-Караорман. Вчера попладнето, 51-годишниот штипјанец управувајќи со Лада Нива изгубил контрола и удрил во повозрасен човек на велосипед. Велосипедистот за жал починал на лице место. Врз возачот било извршено алкотестирање кое покажало присуство на 1,60 промили алкохол во крвта. Поради претрпениот шок, попладнево починал и возачот на автомобилот кој […]

______________________________________________________________________________________________________

Наезда на смрдливи бубачки во Скопје – воопшто не се безопасни!

Дали сте приметиле дека малку по малку смрдибубачката ви паѓа на ракав или ја снимате како ползи по прозорот обидувајќи се да ви влезе во стан? Веројатно и вие се стресувате и ја отфрлате подалеку од себе, плашејќи се од дека смрдеата која ја пуштаат, а по која и го добиле името. Прво постои причина […]

______________________________________________________________________________________________________

Според Сеизмолошки земјотресот во Скопје бил посилен

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, на 04.10.2016 год., регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје. Овој земјотрес се случи во 12 часот и 52 минути, со Рихтерова локална магнитуда 3.1. Истиот беше […]

______________________________________________________________________________________________________

Земјотрес повторно го стресе Скопје – еве со колкава јачина

Земјотрес повторно ги вознемири скопјани . Пред неколку минути и поло нешто пред 13 часот Првично на европскиот сеизмолошки сајт излезе инфо дека земјотресот бил со јачина од 2.7 со епицентар во близина на Сопиште. За подоцна да ја корегираат информацијата дека се работело за земјотрес со епицентар во близина на Арачиново и со јачина […]

______________________________________________________________________________________________________

Земјотрес во Скопје

Главниот град повторно се стресе. Пред неколку минути, посилен земјотрес се почувствува во скопскиот регион. Засега нема информации за јачината на истиот.

______________________________________________________________________________________________________

ЕКСКЛУЗИВНО: Во Македонија ќе се гради фабрика за оружје и муниција

Ексклузивно за ТВ Нова, Министерот за одбрана Зоран Јолевски најави голема инвестиција во земјава – ќе се гради фабрика за производство на оружје и муниција за потребите на земјите членки на НАТО алијансата. „Фабриката ќе започне со работа во јули следната година. Во првата фаза од работењето ќе се произведува муниција, а неколку месеци подоцна […]

______________________________________________________________________________________________________

Италија екстрадираше македонски џихадисти од ИСИС – Македонија ги ослободи, МВР не ги бара за ништо

Петмина македонски државјани се протерани од Италија поради величање на т.н. Исламска држава. Нашинците, кои со години живееле во близина на Трст, редовно го критикувале тамошниот имам дека е премногу „мек“ и „прозападно ориентиран“, но, покрај тоа, биле во контакт со верски лица од Балканот, преку кои барале борци во Сирија и во Ирак. Од […]

______________________________________________________________________________________________________

Историја што чека да биде откриена: „Црните страници на УДБА“

Државниот архив на Република Македонија денеска ја промовира едицијата „Црните страници на УДБА“ во која на 13.000 страници преку користење на неовластено направени извештаи од тајната полиција е опишано што се случувало во Македонија од 1945 до 2000 година. Едицијата, составена од 16 книги во девет тома со „забранета историја“ што беше промовирана по мотото […]

______________________________________________________________________________________________________

УХМР: Доаѓаат ветрови, ниски температури и невреме

Утре под влијание на студена воздушна маса од север ќе има наоблачување проследено со слаб до умерен дожд. Утре и во среда ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значително спуштање на дневната температура. Во среда и во четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност и се постудено. Во петок ќе има […]

______________________________________________________________________________________________________

Младата кумановка која си го фрли новороденчето ќе одговара за убиство

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М. (19) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство на дете при породување“. Пријавената во мај годинава откако добила породилни болки, се затворила во купатилото каде родила живо женско дете кое потоа го ставила во корпа за отпадоци и го фрлила позади семејната куќа. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1