Archive | Македонија RSS feed for this section

Влада: Дезинформација за неприсуството на Груевски во Брисел

Владината прес-служба вечерва испрати соопштение како демант на наводите на дел од медиумите дека по барање на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, претходно подготвената покана за премиерот Никола Груевски за претстојната средба во Брисел била сменета со покана за претседателот Ѓорге Иванов. – Не навлегувајќи во мотивите и намерата на дел од медиумите […]

______________________________________________________________________________________________________

Се покајала и почнала да помага – денеска се празнува Преподобна Пелагија

Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во Антиохија. Од Бога имаше голем дар на телесна убавина, а ја употребуваше за погибел на својата душа и на други. Со блуд се имаше збогатено многу. Минувајќи еднаш покрај црквата на Светиот маченик Јулијан, во која проповедаше епископот Нон, таа намина во црквата и ја слушна проповедта за […]

______________________________________________________________________________________________________

Доаѓаат Орионидите: Вечерва гледајте спектакуларен метеорски дожд

На областите каде што има слабо осветлување, ноќеска и рано наутро ќе можете да гледате голем број на „ѕвезди кои паѓаат“ наречени Ориониди. Дождот се  состои од остатокот од Халиевата комета која последен пат орбитираше околу земјата во 1986-та година и нема да можеме да ја видиме до 2061-ва година. Сепак, секоја година во втората […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсен скопјанец – бил припадник на ИД во Сирија

Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода С.Ф.(23) од Скопје кој се бараше од август годинава кога против него во рамки на Оперативната обработка „Ќелија“ беше поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „Учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“ предвидено и казниво по член 322-а од […]

______________________________________________________________________________________________________

ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Утре многу дожд, можен е и снег

Врнежи од дожд и над 50 литри на метар квадратен на одредени места и повремен снег на највисоките планински врвови, најавува за утре Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите од дожд утре ќе започнат од раните утрински часови во јужните и западните делови. Во претпладневните часови ќе се прошират насекаде и претежно ќе бидат со […]

______________________________________________________________________________________________________

Катица Јанева остана со преполовен тим, Советот не ги избра останатите седумина

Советот на јавни обвинители не ја стави на дневен ред точката за избор на помошници јавни обвинители на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Еден член од Советот предложил дополнување на дневниот ред на редовната седница на Советот  со оваа точка, но образложението на претседателот на советот на јавни обвинители, Петар Аневски е дека во дописот […]

______________________________________________________________________________________________________

Лекарите предупредуваат: Од промена на времето страдаат и здрави

Десет дена се потребни организмот да се навикне на промената на времето. Лекарите предупредуваат дека падот на температурата може лошо да влијае не само на болните туку и на здравите, пишува Здравство 24. Од заладувањето најпогодени ќе бидат метеоропатиите и лицата со хронични заболувања. – За граѓаните полесно да ги поднесат промените на времето потребно […]

______________________________________________________________________________________________________

Рокот истече: Партиите се уште без согласност за договорот од Пржино

Партиските работни групи и на синоќешната рунда разговори во Клубот на пратениците не постигнале согласност околу отворените прашања од Договорот од Пржино. Дел од медиумите, повикувајќи се на партиски извори, објавија дека главните несогласувања се околу ингеренциите на новите министри и заменици министри што треба да ги предложи опозицијата. Според Договорот од 2 јуни и […]

______________________________________________________________________________________________________

Ослободен е полицаецот уапсен во кумановските немири

Африм Сулејмани кој беше уапсени во борбите меѓу полицијата и вооружената група во Дива населба во Куманово на 9 и 10 мај, е ослободен, jaвува Алсат Според информациите на Алсат – М од судот, Сулејмани е ослободен во недостиг на докази. Неодамна, неговите роднини побараа ослободување на нивниот син, полицаецот Африм Сулејмани уверувајќи дека тој […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве кога да го очекувате првиот снег во Македонија

Долгорочните прогнози велат дека токму кон крајот на идниот месец ќе се јават првите услови за провејување на снег во котлините Метеоролозите го најавија првиот снег оваа сезона за 26 ноември. Сепак, треба да се има предвид дека станува збор за долгорочна прогноза која не може да даде прецизни предвидувања.

______________________________________________________________________________________________________

Полагањето на државната матура останува по старo

Математиката нема да биде задолжителен предмет при полагањето на државната матура. И за годинашните матуранти ќе важи стариот концепт. Ќе полагаат 2 екстерни и 2 интерни предмети. Задолжителен ќе биде само мајчиниот јазик. Нема да се примени ниту електронското полагање. -Измените на државната матура се одложени за септември 2016 година и во овој период ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Пороен дожд во следните два дена

Утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд особено претпладне. Во текот на денот врнежите ќе престанат, а повторно ќе се појават кон крајот на денот и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 11 до […]

______________________________________________________________________________________________________

Во недела почнува зимското сметање на времето

Ноќта меѓу сабота и недела почнува зимското сметање на времето со што стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад. Тоа значи дека во 3 часот ноќта стрелките на часовникот треба да се вратат на 2 часот така што ќе се спие еден час повеќе. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во […]

______________________________________________________________________________________________________

Дечињата затруени со лекови надвор од животна опасност

Стабилна е здравствената состојба на децата од Делчево, на 7 и 4 годишна возраст што во неделата попладне по грешка испиле лекови за срце, мислејќи дека се бонбони. Итно биле пренесени на Детската клиника во Скопје. Од Детска клиника информираат дека не се веќе на терапија, и дека лекарскиот надзор ќе заврши кон крајот на […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонската полиција доби регионална награда за сузбивање компјутерски криминал

Секторот за компјутерски криминалитет и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи е добитник на првата награда за најуспешно реализирана акција за разбивање меѓународна криминална група што вршела нелегална терминација на меѓународен во национален телефонски сообраќај. Наградата е доделена од регионалната организацијата SELEC во која членуваат 12 земји од Југоисточна Европа. Наградата е добиена заедно […]

______________________________________________________________________________________________________

Внимавајте, фалсификувани 500-тки кружат низ Македонија

Фалсификувани пари кружат низ Македонија, а најмногу во промет кружат банкноти од 500 денари. Според фотографиите до кои дојде еМагазин банкнотите тешко може визуелно да се препознаат од обичните граѓани, па и од трговците. Дека банкнотите се фалсификат може да се забележи по квалитетот на хартијата која е потенка и помека и кај заштитната нишка […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за страшното убиство во тетовско- познат идентитетот на убиецот

Ноќеска, половина час по полноќ, во Полициската станица Гостивар дошол 49-годишниот Г.А. од гостиварското село Врапчиште и пријавил дека дваесетина минути пред тоа во спалната од нивната заедничка семејна куќа, по претходна меѓусебна расправија, со неколку удари со секира по главата и вратот ја усмртил неговата 44-годишна сопруга Е.А, соопшти СВР Тетово На посоченото место […]

______________________________________________________________________________________________________

Пазете си ги децата: За една недела спасени седум деца со заглавени предмети во душникот

Седум деца минатата недела завршиле на клиника со заглавени предмети во душникот и белите дробови. Сите биле на возраст од една до 6 години. Доктор Горан Мицевски имал полни раце работа. Најкомплициран му бил случајот со тригодишното дете од Тетово кое вдишало свирче и во многу тешка состојба било донесено на Клиниката за уво, нос и […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1