14/12/2014 16:23
•
Posted by: MK News
Законот за плаќање придонеси на хонорарите ги крена на нозе граѓаните и синдикалните организации и здруженија. Преку протест ќе се обидат да ја врзаумат власта да ја повлече одлуката, бидејќи како што велат, таа сериозно ќе им ги намали и така нередовните приходи. Дел од синдикалните здруженија кои цврсто застанаа во одбрана на хонорарците, се […]
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2014 15:47
•
Posted by: MK News
Младенците не дозволиле црвеното светло на семафорот да им ја запре свадбената забава, па свртиле едно орце додека чекале да се запали зелено светло.
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2014 15:45
•
Posted by: MK News
Македонците Александар Чекоров и Александар Смилков го срушија Гинисовиот рекорд во туркање на автомобил за 24 часа. Тие успеале да поминат 95 км со туркање на колата по обележаната патека во СЦ „Форца“, како што покажаа резултатите утрово во 8 часот. Досегашниот рекорд беше на двајца Американци и изнесуваше поминати 82,4 км.
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2014 15:42
•
Posted by: MK News
Поради магла изутрината летот за Истанбул од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје на турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ е откажан. Како што е наведено на веб страницата на аеродромот, со задоцнување се очекува да слетаат и авионите од Цирих и Франкфурт.
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2014 15:40
•
Posted by: MK News
Загаденоста на воздухот изутринава во Скопје е на високо ниво, покажува веб-порталот за квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина. Воздухот е најзагаден во Тетово, каде има многу високо загадување. По Тетово следат Скопје, Велес и Куманово. И додека Скопје се гуши во магла, на Водно грее сонце
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2014 11:45
•
Posted by: MK News
Револтирана мајка ја сподели оваа фотографија преку Фејсбук на која се гледа плакат кој забранува влез со куче, со сладолед, со цигара и со количка во продавница. Мајката вели дека го пријавила случајот како дискриминација до сите надлежни органи.
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2014 11:15
•
Posted by: MK News
Македонската полиција е во тренд. Според она што го презентираа во јавноста, македонските полицајци се во чекор со новитетите во информатичката технологија.Како и нивните колеги од светот тие се служат со користење на интернет-алатките за поефикасно искоренување на криминалот. При последната акција „Чекан“ дел од доказите се обезбедени токму преку вакви модерни интернет алатки. Имотот […]
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2014 10:45
•
Posted by: MK News
Пет гласови од жирито за одлична изведба на песната „Listen“ доби вечерва Трајче Горгиев од Струмица, со што се пласираше во наредниот круг на натпреварот „Ѕвездичките на Пинк“.
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2014 10:00
•
Posted by: MK News
На социјалните мрежи се појавија загрижувачки информации за случај во скопскиот трговски центар „Рамстор“ кога непознати лица од Косово украле дете додека мајка му пазарела во супермаркетот, пишува Република. Таа се свртела само на секунда и забележала дека и го нема детето. Благодарение на нејзината брза реакција, влезовите во Рамстор и гаражата биле затворени, […]
______________________________________________________________________________________________________
14/12/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија денеска ќе биде ведро, сончево и топло. Особено пријатни временските услови ќе бидат на планините. Во Маврово денеска максималната дневна температура ќе биде 10 Целзиусови степени, во Берово 13, Крушево 9 Во Скопје дневната температура ќе биде 8, Тетово 9, Гостивар и Дебар 10, Куманово 9, Крива Паланка 12, Штип 11, Берово […]
______________________________________________________________________________________________________
13/12/2014 22:12
•
Posted by: MK News
Од рано утрово, 72-годишниот Трајко Арсовски од населбата Тафталиџе, е исчезнат. Неговото семејство моли за помош. Последен пат е виден во близина на последната автобуска станица на 24-ка. Кога излегол од својот дом, дедо Трајко бил облечен во тегет тренерки и маслинесто зелена јакна. На главата носи плетена црвено-бела капа. Ве молиме, ако некој […]
______________________________________________________________________________________________________
13/12/2014 09:45
•
Posted by: MK News
ЛГБТ заедницата нема храброст да се соочи со мене на суд и затоа поднесува пријава со што му дава „жежок костен“ на обвинитеството и го користи против нас, вели Миленко Неделковски за Нет Прес, по пријавата која Хелсиншкиот комитет и Коалицијата „Сексуални и здрави права на маргинализирани заедници“ ја поднесоа против него и неговиот колега […]
______________________________________________________________________________________________________
13/12/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Производите на „Пекабеско“ се безбедни и одговараат на барањата од Правилникот за адитиви. Ова, како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, го покажаа анализите од лабораториските испитувања на мострите од преработките од месо земени во рамки на извршената вонредната инспекциска контрола од производствените капацитети на компанијата „Пекабеско“. – Врз основа на извршените хемиски анализи […]
______________________________________________________________________________________________________
13/12/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Шалтерите во сите одделенија за катастар на недвижности во земјата, како и во Центарот за катастар на недвижност – Скопје ќе работат од 8:30 до 19:00 часот, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности. Катастарот ќе работи за време на викендот за да им овозможи на граѓаните да обезбедат имотен лист кој им е неопходен […]
______________________________________________________________________________________________________
13/12/2014 09:00
•
Posted by: MK News
По кратко и тешко боледување почина новинарот и публицист Мирослав Спироски. Спироски најголемиот дел од својата новинарска кариера ја мина во НИП “Нова Македонија”, иако неговите први новинарски почетоци се врзуваат за Радио Кичево. Извесно време работи како дописник на МРТВ од овој град, а потоа ќе соработува со неделниците “Млад Борец” и “Студентски збор”, […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2014 15:53
•
Posted by: MK News
Обвинетата за убиството на 3-годишното девојче Мевљан во април годинава остана на тврдењето – со нејзиниот невенчан сопруг не ја претепале малата Мевљан, туку самата паднала по скали додека тие ја чувале. Судењето за убиство на девојчето денеска беше одложено по вторпат, зашто првообвинетиот не го прифати адвокатот што му е доделен по службена должност. […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2014 13:37
•
Posted by: MK News
Компанијата Еуромакс Рисорсис објави дека Европската банка за обнова и развој станува акционер во проектот за развој на рудник за бакар и злато, Иловица. ЕБОР за 5 милиони канадски долари купува 20% удел во рудникот кој, според планот, треба да почне да се гради следното лето и да стане оперативен во 2017. Најавите се дека […]
______________________________________________________________________________________________________
12/12/2014 13:20
•
Posted by: MK News
Оџата Несим Демири од Велес, кој беше уапсен во обид да превезува сириски мигранти преку Македонија во Србија, не е првпат да ја скандализира велешката јавност. Имено, пред две години муслиманските верници во Велес го обвинија дека побегнал во Германија и притоа со себе однел 6–7 илјади евра пари од донации. Неофицијалните информации тогаш говореа […]
______________________________________________________________________________________________________