Archive | Свет RSS feed for this section

Австралија +50 – Америка замрзнува на -50

Америка ја погоди арктички леден бран кој ја симна температурата на минус 50 Целзиусови, поради што градовите на средниот запад скоро престанаа да функционираат, а екстремните студови досега однесоа неколку животи. На другата страна на планетата, во Австралија и на Нов Зеланд, се забележани високи температури поради кои асфалтот се топи. Додека на северната хемисфера […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Чикаго полошо од Сибир: Америка се подготвува за ледена апокалипса

Делови од САД се зафатени со многу ниски температури. Во Северна Минесота ветерот ја спуштил температурата на дури -51 степени Целзиусови. Температурите под нулата ќе оштетат најмалку 55 милиони луѓе, навеле од Би-Би-Си и додале дека вонредна состојба е прогласена во Висконсин, Мичиген, Алабама и Мисисипи, а властите во Ајова ги предупредиле граѓаните да не […]

______________________________________________________________________________________________________

Мадуро: Трамп нареди да ме убијат

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро во интервју за за руската државна агенција РИА изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп и наредил на колумбиската Владата и на мафијата во таа земја да го убијат. Тој наведе и дека барањата за предвремени избори се пропратени со уцени, но оти земјите кои повикуваат на тоа ќе мора да […]

______________________________________________________________________________________________________

ИСКЛУЧЕТЕ ГО ФЕЈС ТИМЕ: Епл ја призна грешката – Ајфоните се прислушкуваат (ВИДЕО)

Епл ја призна грешката на својот Фејс Тајм софтвер , преку кој е овозможено прислушкување на корисниците , па дури и ако не одговараат на повикот. Компанијата соопшти дека има нова програма со која ќе ја исправи грешката , така што ажурирањето ќе биде возможно од следната недела. Додека се ажурира Фејс Тајм , нема […]

______________________________________________________________________________________________________

Харадинај: Ако Белград никогаш не го признае Косово, тогаш и таксата никогаш нема да ја укинеме

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај синоќа повтори дека и покрај притисоците од официјален Вашингтон, таксата од 100 отсто на увозот на стоки од Србија и Босна и Херцеговина ќе остане во сила, се додека Белград не го смени „агресивниот и деструктивен однос кон Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина. Одговарајќи на новинарско прашање за последното […]

______________________________________________________________________________________________________

Тажен крај: Спасителите го пронајдоа телото на детето (2) кое падна во бунар

Спасувачките тимови го пронајдоа телото на мртвото двегодишно дете Хулен Росел кој падна во бунар пред 13 дена во градот Тоталан во Шпанија. Неговото тело рано утрото го пронајдоа спасителите кои копаа тунел за да дојдат до него, изјави портпаролот на владината канцеларија во Малага и додаде дека за случајот ќе биде спроведена истрага. Тој […]

______________________________________________________________________________________________________

Малезискиот крал поради руската убавица се одрече од престолот, а по 1 месец се разведува

Малезискиот крал Мухамед Петти од Кеантана, кој се одрече од престолот, се развеува од поранешната московска мисица Оксана Војеводина, соопштија руските медиуми. Според пишувањето на весникот „Стархит“ односите на поранешната мисица и кралот се занишани, но самите сопружници не ја потврдија веста за престојниот развод. Според гласините, Мухамед Петти и Оксана, кои само пред неколку […]

______________________________________________________________________________________________________

Белгија ослободила од затвор речиси 200 терористи

Вкупно 182 лица осудени во Белгија за тероризам биле ослободени, рече министерот за правда Кун Генс, цитиран во локалните медиуми. Во таа цифра се терористи, нивни соучесници, лица кои ширеле за омраза и радикални криминалци. Ослободените биле осудени по пробивањето на ИД во Сирија од 2011 година. Од нив, 74 се на списокот на безбедносни […]

______________________________________________________________________________________________________

Задолжително породилно отсуство за татковците во ЕУ

Одлучувачките тела на ЕУ (Парламентот и Советот) доцна вчера постигнаа договор за директивата наречена „рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот“ која за прв пат предвидува задолжително породилно отсуство за мажите. Највпечатлив дел од компромисот е воведувањето на задолжително породилно отсуство за татковците од десет дена минимум во цела ЕУ. Породилното за мажите ќе изнесува онолку […]

______________________________________________________________________________________________________

Се активира вулканот Попокатепетл – пепел и до три километри во височина

Вулканот Попокатепетл во централниот дел на Мексико од денеска повторно е активен. Вулканот од денеска почна да исфрла камења и пепел во височина од три километри. Од вулканот излегува и чад , што се шири во околните градови , каде е прогласена вонредна состојба. Според мексиканската служба за цивилна заштита, вжештените камења и пепел паѓаат […]

______________________________________________________________________________________________________

Две петгодишни девојчиња избегале од градинка на минус 45 – сакале да ги израдуваат родителите (ВИДЕО)

Две петгодишни девојчиња избегаа од градинка во село во Сибир , па завршија во болница со премрзнатини . За среќа девојчињата преживеале на -45 степени , недоволно облечени , а тргнале да ги израдуваат родителите. Тие решиле да избегаат на најсудениот ден во годината , кога температурата во Јакутск на Сибир била 45 степени под […]

______________________________________________________________________________________________________

Мадуро ги прекина дипломатските врски со САД и излезе со ултиматум до американските дипломати

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека неговата земја ги прекинува сите дипломатски односи со САД и им даде на американските дипломати 72 часа да ја напуштат земјата, откако Доналд Трамп го призна опозицискиот лидер за привремен претседател. Мадуро оваа одлука ја соопшти пред неговите поддржувачи од балконот на претседателската палата во Каракас, кратко откако […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина комичарот на 32 години – причината за смртта непозната!

Кевин Барнет, еден од најдобрите млади стенд-ап комичари во САД, почина на одмор во Мексико во 32. година. Светската јавност го запозна низ создавањето на серијата „Рел“, но и како писател на ТВ комедии, меѓу кои посебно се истакнува “Broad City”. Локалните официјални лица се уште не ја потврдија причина за смртта. „Многу сме тажни […]

______________________________________________________________________________________________________

Трагедија: Руска пејачка почина на сцената

Руската пејачка Фанија Калиулов почина на сцената во неделата за време на настапот во Димитровград. Фанија почина на 53-годишна возраст и, најверојатно, причината за смртта е срцев удар. Поп-пејачката се струполи на концертот и бргу ѝ беше укажана медицинска помош, но, за жал, не можеше да се спаси. На снимката на еден обожавател се гледа […]

______________________________________________________________________________________________________

Се урна авионот со најскапиот играч во историјата на Кардиф

Авионот во кој се наоѓаше најскапиот играч на Кардиф во историјата на клубот, Емилиано Сала, се урна на летото меѓу Франција и Англија. Сала стана најскапото засилување на Кардиф во историјата на клубот, бидејќи премина од Нант за 17 милиони евра. Фудбалерот сакал да се поздрави со соиграчите, па отишол во Нант. Се стравува дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Хакирани над 770 милиони мејлови

Над 770 милиони мејл адреси и лозинки се постирани на популарен интернет форум за хакери, објави угледниот „Гардијан“. Настанот се случил кон средината на декември, а според овие информации практично секој трета имејл адреса во светот е хакирана. Компјутерските експерти апелираат сите оние кои користат електронска пошта да проверат дали можеби и нивната адреса е […]

______________________________________________________________________________________________________

Русија покренува постапка против Фејсбук и Твитер

Руската агенција за надзор на комуникациите ,,Роскомнадзор” соопшти денеска дека поведе постапка против Фејсбук и Твитер. ,,Роскомнадзор” ја покренува постапката затоа што од Фејсбук и од Твитер не објасниле како намераваат да се прилагодат кон законот за податоци , јавува агенцијата Интерфакс. Од агенцијата бараат сите сервери за собирање податоци од Руси да бидат лчоцирани […]

______________________________________________________________________________________________________

Путин и оваа година нурна во студената вода

Рускиот претседател Владимир Путин учествувал во овогодинешното богојавленско капење и нурна во студената вода, соопштеное е од Кремљ. Како што е наведено, тој тоа го направил во храмот Подмосковљу. Минатата година Путин го направи истото во студената вода во езерото Селигер северно од Москва. Како што тогаш изјавил неговиот портпарол Дмитриј Песков, рускиот претседател тогаш […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1