08/07/2018 14:34
•
Posted by: MK News
Спасувачката акција на децата кои се заробени во пештера во Тајланд започна утринава. Најдобирите 18 нуркачи од целиот свет храбро се согласија на оваа опасна спасувачка акција која како што велат експертите може да биде опасно смртоносна. Проследете го спасувањето во живо…
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2018 11:10
•
Posted by: MK News
Тројца млади популарни влогери кои на Јутјуб поставуваа снимки од своите авантури загинаа, откако паднаа од водопад во Канада. Рикер Гембл, Алексеј Лијак и Меган Скрапер беа дел од каналот „High on Life” на Јутјуб каде ги закачуваа своите херојски подвизи, пренесе Би-Би-Си. -Тие беа најтоплите, најљубезните и најотворените луѓе кои можевте да ги запознаете, […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 23:07
•
Posted by: MK News
Една од жените кои работат во хуманитарната организација на Мајка Тереза, „Мисионери на милосрдието“ во Индија, е уапсена под обвинение дека продала бебе старо 14 дена. Уште две жени биле приведени и ќе бидат испрашувани за други можни случаи на продажба на бебиња, јавува Би-Би-Си. – Дознавме дека уште неколку бебиња се нелегално продадени од […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 23:05
•
Posted by: MK News
Невреме погоди делови на Хрватска, Словенија и Италија во доцните попладневни часови, а се очекува временските неприлики да се интензивираат во текот на ноќта. Силното невреме во попладневните часови зафати делови од северозападна Хрватска, вклучувајќи го и подрачјето на Загреб. Бурата зафати делови од Словенија, по должината на границата со Хрватска, како и делови на […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 22:59
•
Posted by: MK News
Поминаа три дена откако децата заедно со тренерот беа пронајдени во пештера во Тајланд. Тие и натаму се заробени под земја, но сега имаат ќебиња, храна, медицинска нега, а друштво им прават нуркачи и доктор. Напорите за спасување, во кое се вклучени повеќе меѓународни тимови и стотина луѓе, продолжува да се одвива на три фронта. […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 11:09
•
Posted by: MK News
Судот ја прифати верзијата на обвинението, според која бизнисменот му дал поткуп од 16,5 милиони долари на поранешниот гувернер на државата Рио де Женеиро Сержио Кабрал, кој беше уапсен во ноември 2016 година под сомневање за корупција. Поранешниот висок функционер беше прогласен за виновен во случајот и беше осуден на 22 години и осум месеци […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2018 10:35
•
Posted by: MK News
Властите на Гватемала соопштија дека бројот на загинаа во ерупцијата на вулканот Фуего во јуни изнесува 332 лица, стотина повеќе отколку што беа првичните податоци. Досега се идентификувани 85 тела на загинатите. Вулканот Фуего е еден од најактивните вулкани во регионот на средна Америка. Тој драматично еруптираше на 3 јуни и загрози 200.000 жители на […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2018 11:29
•
Posted by: MK News
Најмалку 47 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Индија, кога автобус излетал во провалија во сојузната држава Утараканд во северниот дел на земјата.Несреќата се случила на автопатот Пипали – Бохан. Околу 50 патници биле во автобусот кој патувал за Рамнагар од Бохан. Причината за несреќата сé уште не е позната.
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2018 11:09
•
Posted by: MK News
Најмалку три лица загинаа, а стотици се спасени во текот на силните бури и обилните врнежи кои ја погодија Романија. Министерството за внатрешни работи на Романија соопшти денеска дека 760 луѓе се спасени или евакуирани, и дека 20.000 работиници од итните служби работат на терен, пренесува АП. Маж кој поминувал река на коњ денеска се […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2018 14:52
•
Posted by: MK News
Скандал од светски размери настанал кога во јавноста се појавила книгата за кралицата Елизабета и нејзиниот брак со принцот Филип. – Не постоеше убава жена во близина на Филип со која тој не флертуваше но, на кралицата тоа не и пречеше, му даде отворени раце да се дружи. Тие жени на Филип му беа како […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2018 12:45
•
Posted by: MK News
Во оманскиот град Куријат неодамна е регистрирана највисоката ноќна температура во историјата, кога се измерени 42,6 степени Целзиусови. Податокот е од 26 јуни, а станува збор за највисока температура во период од 24 часа во Куријат, кој има 50.000 жители. И претходниот таков температурен рекорд е забележан во Оман, на аеродромот во Касаб, 600 километри […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2018 12:41
•
Posted by: MK News
Познатиот турски бизнисмен Шарик Тара, почесниот директор на холдингот ЕНКА, почина на 88 години, јавува Анадолија. Според наводите на управата на холдингот, еден од најбогатите луѓе во Турција, Тара починал во болницата Аџибадем, во која бил згрижен, поради здраствени проблеми. Роден е на 22 април 1930 година во Скопје. Со семејството во 1944 година се […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2018 18:13
•
Posted by: MK News
На социјалните мрежи најпрво се појавија фотографии, а сега и видео од тепачката меѓу навивачи на Бразил и Србија, во која според коментарите подебелиот крај го извлекло семејството од Србија. Немилиот настан се случил на натпреварот од групната фаза меѓу репрезентациите на Бразил и Србија, кој „кариоките“ го добија со 2:0. Some fghts #Serbia vs […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2018 12:07
•
Posted by: MK News
Принцот Вилијам денеска пред враќањето во Лондон ги посети светите места во Ерусалим и гробот на својата прабаба, јавуваат агенциите. Принцот прво ја посети Маслиновата гора, по што отиде и на гробот на својата прабаба, принцезата Алиса, која ги спасувала Евреите за време на холокаустот, нведуваат агенциите. Вилијам го посети и Ѕидот на плачот. Во […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2018 11:09
•
Posted by: MK News
Во текот на летните месеци, во делови од Западна и Централна Европа се очекуваат долги периоди на висока топлина. Највисоките температури на воздухот во тие периоди ќе надминат 32 степени во Тулуз и Лион, Милано и Фиренца, и Франкфурт и Берлин. Слична е ситуацијата, иако малку поблага, и во областа на Истра. Најекстремната топлина ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
28/06/2018 23:48
•
Posted by: MK News
За неколку дена во Турција ќе биде укината вонредната состојба. Вонредната состојба беше воведена на 20 јули 2016 година , пет ден по неуспешниот државен удар и беше продолжувана на секои три месеци. За обидот за воен пуч, властите во Анкара го обвинија исламискиот проповедник Фетулах Ѓулен кој е во егзил во САД.
______________________________________________________________________________________________________
28/06/2018 10:59
•
Posted by: MK News
Најмалку осум лица се повредеени , а над илјада се без електричана енергија во гратчето Јурека во американската држава Канзас. Торнадото , кое директно удри на гратчето Јурека зад себе остави пустош . Во Канзас е прогласена вонредна состојба, откако торнадото удри во гратчето со околу 2 400 жители. Гувернерот Џеф Колиер по еден час […]
______________________________________________________________________________________________________
28/06/2018 10:56
•
Posted by: MK News
Додека се играше дуелот од Е групата на Откритје арената во Москва настана тепачка помеѓу српските и бразилските фанови. Во тепачката учествуваше и жена која според информациите не е повредена и се се заврши со интервенција на редарите. Бразил на крајот славеше со 2-0 против Србија. Додека на една трибина на стадионот во Москва каде […]
______________________________________________________________________________________________________