08/02/2018 20:29
•
Posted by: MK News
По снежните врнежи во последните денови во Париз, главниот град на Франција замрзна, а температурата изнесува минус десет Целзиусови степени. Бројните возила останаа блокирани на патиштата од вторникот вечерта, особено во југозападниот дел на Париз. Париските власти ги советуваат граѓаните да не ги користат нивните возила, а градскиот превоз е во хаос – возовите доцнат, […]
______________________________________________________________________________________________________
08/02/2018 20:23
•
Posted by: MK News
Весникот „Лос Анџелес Тајмс“ ќе помине во рацете на локалниот милијардер Патрик Сон – Шионг за цена од 500 милиони долари и така ќе заврши тензичниот период во сопствеништво на Чикаго Трибјун. Патрик Сон – Шионг е еден од најбогатите луѓе во Лос Анџелес и според податоците на Форбс најбогат лекар во САД со имот […]
______________________________________________________________________________________________________
08/02/2018 20:21
•
Posted by: MK News
Европскиот парламент денеска го одобри предлогот за укинување на летното и зимското сметање на времето, но конечната одлука за тоа треба да ја донесе Европската комисија. Европратениците бараат Европската комисија да го поддржи ваквиот предлог, која досега се залагаше за задржување на сезонското сметање на времето. – Многу сум задоволен што по неколку години дискусии […]
______________________________________________________________________________________________________
08/02/2018 20:17
•
Posted by: MK News
Речиси 30.000 луѓе присуствуваа на комеморацијата и на погребот на рускиот воен пилот, чиј авион беше соборен над северната сириска провинција Идлиб. Пилотот Роман Филипов при нападот успеал да катапултира, но по престрелката со екстремистите на земјата, се разнел со рачна граната бидејќи увидел дека е опколен. На церемонијата присуствуваа рускиот министер за одбрана, Сергеј […]
______________________________________________________________________________________________________
08/02/2018 13:12
•
Posted by: MK News
Погледнето го видеото снимено од автомобилот „Тесла“ кој заедно со куклата облечена во костим на SpaceX патува во Вселената кон Марс. Патувањето е проследено со песната на Дејвид Боуви „Space oddity“.
______________________________________________________________________________________________________
08/02/2018 12:56
•
Posted by: MK News
Компанијата „Спејс икс“ на Илон Маск, основач на производителот на електрични автомобили „Тесла“, ја лансира супер тешката ракета-носач „Фалкон хеви“ од вселенскиот центар Кенеди. „Фалкон хеви“ е досега најголемата конструирана ракета со најмалку двапати повеќе носивост од другите слични ракети. Така на пример, таа може да подигне товар со тежина од 64 тони, додека руската […]
______________________________________________________________________________________________________
08/02/2018 12:53
•
Posted by: MK News
Нов силен земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Тајван, само еден ден откако островот беше погоден од земјотрес од 6,4 степени, при што загинаа шест луѓе. При вчерашниот земјотрес што го потресе тајванскиот град Хуалиен загинаа шест лица, 225 се повредени, а над сто лица се водат како исчезнати. […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2018 11:50
•
Posted by: MK News
Суд во Мичиген денеска му изрече трета пресуда по ред на докторот Лери Насар и го осуди на уште 40 години затвор на претходно изречените 125, поради сексуално малтретирање на над 260 девојки и девојчиња од американскиот женски гимнастичарски тим од државниот универзитет на Мичиген. Делата за кои е осуден Насар датираат од 1992 година. […]
______________________________________________________________________________________________________
05/02/2018 19:28
•
Posted by: MK News
Откако беше објавена снимката од драматичната борба на пилотот на соборениот руски ловец Су-25 со терористи, сега е познато и кои му биле последните зборови. На видео-снимката се гледаат вооружени терористи како се движат кон положбата на пилотот, а подоцна се слуша маж кој вика на руски: „Ова е за момците!“, пренесоа медиумите блиски до […]
______________________________________________________________________________________________________
05/02/2018 14:23
•
Posted by: MK News
Руското министерство за одбрана објави снимка од воздушниот напад на бунтовниците во сириски Идлиб каде што во саботата беше соборен руски воен авион и убиен пилотот. Русија во знак на одмазда за соборувањето на авионот и убивањето на пилотот одговори жестоко – итно беше наредена воздушна операција против големото упориште на бунтовниците, а во нападот […]
______________________________________________________________________________________________________
05/02/2018 14:06
•
Posted by: MK News
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Ватикан ќе има средба со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско. Ова е прва посета на турски претседател на Ватикан по речиси 60 години. Последна посета оствари турскиот претседател Џељал Бајар, кој во Ватикан се сретна со папата Јован Дваесет и трети во април 1960 година, кога Турција […]
______________________________________________________________________________________________________
04/02/2018 14:01
•
Posted by: MK News
Во Каиро е откриена масовна гробница стара 4.400 години Египетски археолози соопштија денеска дека откриле масовна гробница стара 4.400 години во близина на пирамида во Каиро. Министерството за антиквитети на Египет, оценува дека гробницата веројатно и припаѓала на високата претставничка позната како Хетпет, за време на петтата династија на древниот Египет. На ѕидовите на гробницата […]
______________________________________________________________________________________________________
03/02/2018 22:14
•
Posted by: MK News
Најмалку четворица африкански мигранти се повредени откако маж пукаше на минувачи во градот Мачерата во централна Италија, јавија локалните медиуми. Во меѓувреме, полицијата соопшти дека напаѓачот е уапсен, два часа по нападот. Според италијанската агенција АНСА, сите повредени се црнци. Градоначалникот на Мачерата апелираше жителите да останат дома. – Останете дома. Во градот има вооружен маж кој […]
______________________________________________________________________________________________________
03/02/2018 13:36
•
Posted by: MK News
Британскиот јасновидец Крег Хамилтон-Паркер, кој успешно ја предвидел победата на Трамп и Брегзит, најавил некои вознемирувачки настани кои, како што тврди, ќе се случат во светот наредната година. Годинава ќе биде полна со драматични политички превирања и еколошки кризи, кои ќе предизвикаат непредвидливи временски услови, најавил Хамилтон-Паркер. Предвидел и терористички напад на авто-пат во Велика […]
______________________________________________________________________________________________________
02/02/2018 13:30
•
Posted by: MK News
Фидел Кастро Дијаз-Баларт, најстариот син на починатиот кубански претседател, Фидел Кастро, си го одзел животот во четвртокот на 68-годишна возраст, пренесоа светските агенции. „Докторот на наука Фидел Кастро Дијаз-Баларт, кој поради тешка депресија со месеци беше под лекарски надзор, денес, 1 февруари наутро, си го одзеде животот “, напиша официјалното списание „Гранма“. Кастро Помладиот, кој […]
______________________________________________________________________________________________________
02/02/2018 12:51
•
Posted by: MK News
Третиот по ранг дипломат во Стејт департментот, потсекретар за политички прашања Томас Шенон поднесе оставка по речиси 35 години служба, со што им се придружи на низата колеги кои се одлучија на таков чекор по доаѓањето на власт на претседателот Доналд Трамп. – Мојата одлука е од лична природа, донесена поради желбата да поминат време […]
______________________________________________________________________________________________________
02/02/2018 12:45
•
Posted by: MK News
Најстариот син на поранешниот лидер на Куба Фидел Кастро бил пронајден мртов и најверојатно станува збор за самоубиство, пренесуваат кубанските државни медиуми. 68-годишниот Фидел Кастро Дијаз-Баларт јуниор бил пронајден вчера, а како што се пренесува во извештаите на тамошните медиуми, тој веќе со години се борел со депресија, пренесува BBC. „Фидел Кастро Диаз-Баларт, кого веќе […]
______________________________________________________________________________________________________
02/02/2018 12:42
•
Posted by: MK News
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас вчера добил писмо со закани до него и неговото семејство во кое меѓу другото пишувало: „Имаме три куршуми за тебе“, соопшти министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Тоскас. Како што јави дописникот на МИА од Атина, Тоскас, утрово говорејќи за грчката телевизија Антена изјави дека анонимниот допис бил […]
______________________________________________________________________________________________________