Да се врати работно време од 7 до 15 !!!!


Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска до Владата ќе ја достави старата иницијатива работното време на судовите да се врати од 7 до 15 часот.

По пеколните температури владата го помести работното време од 7 до 15 часот – работно време на кое се навикнати постарите генерации. Така се работеше на времето – оние кои се сеќаваат на тоа време велат ,, се имаше време за се и за семејство и ручек да направиш и на децата да им посветиш внимание,, сега се работи европски – светски – ПО ЦЕЛ ДЕН од 9 до 17 дури да дојдеш дома дошло 18 часот, да се соземеш ете ти 19 часот. Туш, јадење дошло 20 – треба да се оди во кревет за да се стане утре – се нема време за себе ама ич.

Промената на работното време сега ги врати спомените. Но и конкретните обиди да се врати старото работно време. Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска до Владата ќе ја достави старата иницијатива работното време на судовите да се врати од 7 до 15 часот.

Според нив работното време од 8:30 до 16:30 часот е соодветно за европските земји каде сонцето изгрева во 7, а заоѓа во 22 часот, но не и за Македонија. Се троши повеќе за затоплување или ладење на просториите и негативно влијае на воспитувањето на децата.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1