Растат цените на бензинот и нафтата низ цела Европа.
Според Дојче Веле кој го пренесува ставот на големите нафтени концерни, цената на суровата нафта драстично се зголемила па од јуни до сега пораснала за 25%, а цените на бензините во продажба пораснале за околу 10%. Александар Фон Герсдорф – претставник на нафтената индустрија, вели дека поскапувањето не се пренесува автоматски на потрошувачите. Експертите се убедени дека цените на горивата и натаму ќе растат и дека и во Германија ќе надминат 2 евра. Во моментов во Германија цената за литар бензин е едно евро и 76 центи, а во Италија бензинот ја помина границата од 2 евра. Француската влада реагираше експресно, времено ги намали акцизите на бензинот и на дизелот , за да може да се намалат и цените на бензините во малопродажба.
Дали ова ќе значи дека од понеделнок повторно ќе се возиме со нови цени? Рекулаторната комисија се уште не најавила поскапувања но со оглед на состојбите е се поизвесно она што не очекува. Нафтата на светските берзи го надмина нивото од 114 долари за барел.
Премиерот Никола Груевски изјави дека Владата не ја одредува цената на горивото и дека не се среќни поради поскапувањата, но не се изјасни и за можноста да се откажат од акцизите.
Покачувањето на цената на бензините ќе предизвика нов ценовен шок и зголемување на цената на сите животни продукти.