Дупки во законот или либерален бран, Србин со геј брак до италијанско државјанство


Стрејт бура во Италија, миланската полиција го признала бракот на Џорџe и Адријан иако во оваа земја се забранети хомосексуални партнерства.

Српскиот државјанин доби италијанска виза благодарение на бракот со Адријан склучен во Канада во 2009 тата година. Ваквата виза го носи на само чекор до италијанско државјанство.

По склучувањето на бракот со Адријан кој што има италијанско и канадско државјанство веднаш се преселиле во Италија каде што почнала борбата за потребните документи.

Парот поднел барање во согласност со правилникот на Европската унија (сопружник на државјанин на Европската унија има право на престојување во која било земја членка на Унијата). Лавина реакции во Италија, десничарите со остра критика, LGBT заеницата пак, се разбира со задоволство ја прифати ваквата одлука.

Италијанскиот печат „Либеро“ пишува: Зошто е ова одлука на полицијата? Од каде правото на овој орган да создава семејства? Ова не е фер, институцијата брак треба да биде создадена од љубов, а не бирократија.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1