Едно лице е пренесено во Клиниката за хирушки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, поради гушење од чад во пожарот што попладнето избувна во главната зграда на Македонски пошти.Директорката на Клиниката, Јасмина Чабуковска за МИА изјави дека лицето е во стабилна здравствена состојба и оти во моментов е на опсервација.
Според првичните информации, пожарот избувнал во сервер салите во Македонски пошти.