Фалангата се подготвува за Олимпијада – нова верзија на ,,излези момче,,/ Видео


Се подготвуваме за олимпијада – расте адреналинот и желбата повторно да славиме на плоштадот Македонија. На youtube осамна нова верзија на ,, излези момче,, .

Ова е најновиот текст на кошаркарската химна ,, излези момче,, се потрудиле дечките секоја чест. Нашите кошаркари заслужија да бидат опеани во песна.

Слушнете

 

Музика: Позајмена од А.Митевски и екипата
Текст: A.Стаменов

Излези момче право на тераса
и поздрави ја Гоцевата раса
кренете раце високо горе
наше ќе биде и солунско поле

Напред момци предизвикот е голем
направете не’ народ задоволен
покажете им кои сме и што сме
доста не’ гледаа со иронија и потсмев

Сите сме со вас знајте не сте сами
дајте се’ од себе нека има драми
горди сме сите никој не се срами
гркот може само да галами

Але, але!!!..

Ој ти момче Илиевски Владо
ти си идол на нашата младост
ти си херој симбол за радост
те сака сиот македонски народ

Hey boy Lester Bo McCalebb
you are the best our player
we have you the strongest public gun
don’t be affraid just “run Bo run”

Ој ти момче ѕверу Перо Антиќ
кој те видел добро те запамтил
удри јако не го жали кошот
покажи кој е овде момче лошо

Стојат во ќошот на било која страна
сложните браќа Војдан или Дамјан
за шут за три секогаш се спремни
нивните поени се премногу вредни

Ој ти момче Гечевски Тодор
потребен ни е твојот силен продор
за да им го потонеме бродот
на мирен начин јуначки и гордо

Ој ти момче Предраг Самарџиски
само тргни јако и патот ти се чисти
можат да застанат но за тебе се ниски
тие се сок, а ние сме виски.

Ој ти момче Ѓорѓи Чековски
застани цврсто нека бара да му простиш
покажи што е македонска снага
песна да се слушне до Солуна града

А вие сите не стојте само
викајте и скокајте рамо до рамо
мали на карта но големи на терен
ќе дојде се на свое ќе покаже време!

Але, але!!!..

Tags: , , , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1