Оливера Наковска Бикова која освои златен медал на Параолимпијадата во Лондон пристигна во Македонија. Пречекана како вистински херој од голем број граѓани на аеродромот “Александар Велики“ во Скопје.
Добродојде и посакаа и директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазе Поповски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Целата делегација на македонските параолимпијци вечерва ќе присуствува на големиот концерт по повод независноста на арената „Филип Втори“.
Фото: Македонски спорт