Го труела со капки за очи за да и посвети „малку“ внимание! – умрел


Повеќе од три години трело труењето на 45 годишниот Едгар Несбит. Шокантно признание на неговата 33 годишна девојка.


На жената монструм од Пенсилванија и се заканува доживотна казна затвор откако признала дека од 2009 тата година континуирано го уништувала здравјето на нејзиното момче кое е татко на нејзиното дете. Вики Џо Милс ги користела исклучиво капките за очи „Visine“ кои што се познати и на нашиот пазар.  Несбит со години несвесно пиел „токсидна“ вода.

Постојано имал нарушено здравје – имал висок крвен притисок, проблеми со дишењето, се додека неговиот доктор не детектирал во крвта траги од хемиски состојки ( кои ги има во капките за очи ), по што ги известил властите. Милс пак во своја одбрана вели никогаш не сакала да го убие, едноставно барала повеќе внимание.

Сега е на слобода откако платила 75.000 долари кауција, на суд треба да се појави на 17 ти септември. Обично жените кои се чувствуваат осамено, почнуваат да ги изневеруваат своите партнери, но ете има и такви што сметаат дека труењето е поморален чин.

Tags: , , , , , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1