Груевски јавно го искара Бесими – потегот во Слупчане беше твоја приватна екскурзија


,,Тој ниту побарал ниту ќе добиеше согласност за тоа од Владата за тоа да биде некакво владино чествување или негово испраќање на тоа место. Уште полошо е тоа што отиде со униформирани лица и на тој начин ги повреди чувствата на Македонците.,, изјави Груевски

Според него добро е што Бесими изразил жалење и се надева дека тоа што го направи не е храбро лидерство, туку само влошување на меѓуетничките односи.

По настанот Груевски го повикал Бесими на оттчет. Министерот му образложил дека сакал да се постигне помирување и имал позитивни намери.

– Чинот во Слупчане беше една приватна екскурзија на министерот за одбрана Фатмир Бесими или негова партиска задача, а денеска изразеното жалење во однос на тој настан можност за смирување на ситуацијата. Очигледно е дека се работи за еден лош чекор што беше направен, чекор којшто ниту бил дел од нашите поранешни разговори кога создававме коалиција и чекор којшто непријатно изненади многу луѓе и ги повреди чувствата на многу Македонци. Денешното негово жалење навистина може да е еден добар чекор којшто може да води кон една смирувачка ситуација, вели Груевски.

Но не ја прокоментира изјавата од Бесими дека не се кае и дека и во иднина ќе го се поклонува на споменици на ОНА.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1