,,Вие, Оливера, се запишавте не само на светлите страници на нашиот спорт, туку и на страниците каде се бележат личностите кои постигнале најголеми достигнувања на светско ниво, и треба да уживате во Вашиот успех,,
Со големо задоволство и радост ја примив веста за Вашиот голем успех, и за постигнатиот светски рекорд и освоеното прво место во најсилната конкуренција на Параолимписките игри. Дозволете, со оваа јавна честитка, во името на граѓаните, и Владата на Република Македонија, и во свое лично име, да Ви изразам голем почит за Вашето огромно достигнување и благодарност од името на целата нација за промоцијата на нашата земја Македонија.
Вие сте хероина на нашата земја, а македонските граѓани заедно со Вас се радуваат и го слават Вашето дело, Вие, Оливера, се запишавте не само на светлите страници на нашиот спорт, туку и на страниците каде се бележат личностите кои постигнале најголеми достигнувања на светско ниво, и треба да уживате во Вашиот успех, постигнат како резултат на сопствените вредности. Ваквите успеси се и причина повеќе Владата да продолжи со поддршка и инвестиции во спортот, и да работи на унапредување на условите за развој на спортистите и на нивните резултати и постигнувања, се вели во честитката од премиерот Груевски упатена до Оливера Наковска-Бикова.
На социјалните мрежи се покрена и петиција со која се бара за Оливера биде организиран државен пречек – ова е линк до тектот – ,,Oливера заслужува државен пречек,,