Камерите на МВР снимаат прекршоци – професор и селектор добиле опомена на домашна адреса


Досега им се доставени предупредувања и на двајца познати професори на факултети и на селектор на една од македонските национални репрезентации.

Камерите на МВР од пуштањето во функција до денес регистрирале над 750 прекршоци по скопските улици, пишува Дневник. Од МВР за весникот велат дека засега сеуште не ги казнуваат несовесните возачи, туку на домашна адреса им испраќаат само фотографија од направениот прекршок и опомена. Весникот пишува дека целта на полицијата не е да ги казнува возачите туку да ја подигне нивната свест. Досега им се доставени предупредувања и на двајца познати професори на факултети и на селектор на една од македонските национални репрезентации.

Казни заедно со фотографиите според ифнрмациите на МВР ќе почнат да стигнаат од почетокот на наредната година. Во иднина освен фотографијата од возилото на кое се гледа, по можност од неколку агли, прекршокот, возачот ќе добие и покана за наплата на казна.

– Сопственикот на автомобилот што ќе биде уловен на камера дека прави прекршок ќе ја добие казната на домашна адреса. Без разлика кој го управувал автомобилот кога бил направен прекршокот, казната во најкраток рок ќе ја добие сопственикот на возилото, кој освен пријава со која ќе треба да се плати глобата или одлучи да му бидат впишани негативни поени, ќе добие фотозапис на кој се гледа прекршокот означен со датум и време – велат од МВР.
Засега над сто позиции во главниот град се покриени со безбедносни камери, а на дел од позициите се поставени камери со можност да снимаат најситни детали.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1