Во секој момент над небото на САД налетуваат околу 5000 комерцијални авиони, а сега постои и вебсајт кој на корисниците на интернет им овозможува да го пронајдат кој било лет во периодот додета тој се лета.
„Flightradar24“ е сајтот на кој што можат да се пратат летовите ширум светот, без оглед на тоа дали се работи за комерцијални, приватни или воени авиони.
Картата која се ажурира на неколку секунди им овозможува на корисниците да пронајдат одреден лет, да го гледаат неговото патување, од кој аеродром полетал и на кој ќе слета. Може да се утврди и висината и брзината на летот.