Откако медиумите во Северна Кореја потврдија дека нивниот лидер Ким Јонг-ун е оженет со неговата партнерка Ри Со-Ју, јапонските медиуми излегоа со нови информации. Јапонскиот весник „Маиничи Шимбун“ објави дека младата дама е родена во Сејшин, Северна Кореја, дипломирала на Универзитетот Ким Ил Сунг и е висока 1,64. Тврдат дека има 27 години и дека двојката е во брак уште од 2009. година, а една година подоцна добиле и дете.
Ри Со-Ју последниве неколку недели постојано е во друштво на Ким Јонг. Медиумите шпекулираа дека тоа е неговата сестра, па дури и дека е пејачката Хион Сонг која е позната по дружењето со лидеро од Северна Кореја.










