Колку пари би ви требале за да живеете како Бетмен?


Доколку Бетмен беше вистинска личност, за да го води неговиот животен стил би му требале 682.450.750 долари. 

Според инфо графиконите кои што ги објави веб страната moneysupermarket.com графитната наметка би чинела околу милион долари, а оклопот на костумот од полимер околу 40 илјади.

Бетмобилот кој работи на мазутен погон и има далечински управувач и користи GPS технологија припаѓаат 18 милиони од 80-те милиони долари колу што е проценет овој автомобил.

Постоењето на човек лилјак се проценува на 600 милиони долари, а за одржување на куќата би требало да издвоите 37 000 долари годишно.
Дури ни неговиот Алфред не е крај него бесплатно – Брус Вејн му исплаќа 230 000 долари годишно за тој да се грижи за неговите потреби.

За да биде физички спремен и да се бори со непријателите би требало да помине специјална воена обука која би го чинела пола милион долари.
Покрај тоа користењето на посебни гаџети како ласер куката би чинела 50 000 долари, терминалните камери би чинеле 15 000 долари а “монокуларите“ за ноќно гледање би чинеле 5000 долари.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1