Се продава пиштолот Чак Норис


Сакате да бидете Чак Норис? Тоа е невозможно, затоа што сите знаеме дека постојат два вида на луѓе на земјата – Чак Норис и оние кои што умираат.

Но барем, за цена од 1995 долари би можеле да го набавите прочуеното оружје на популарниот американски јунак. Подобро побрзатјте затоа што во продажба се пуштени само 500 парчиња.

На револверот со калибар 45 милиметри, се наоѓа портрет на популарниот актер со неговиот потпис, а пиштолот е нарачан од една американска патриотска организација „America Remembers“ која на својот сајт наведува дека сака на овој начин да му оддаде почит на еден од најголемите американски херои.

Инаку овој колт во стилот на пиштолите од времето на Дивиот запад, е потполно функционален. Но, имајте на ум дека не смеете да се замерите со Чак Норис, затоа што во тој случај сигурно ви остануваат само неколку секунди ве дели од смртта.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1