Кошаркарка исфрлена од Олимпијада – имала секс со момчето додека вежбала



Најдобрата кошаркарска репрезентативка на Бразил, Иијан Кастро Маркез, нема да настапи на ОИ во Лондон поради тоа што ги прекршила правилата на бразилската кошаркарска федерација и за време на подготовките се гледала со нејзиното момче.
Маркез за бразилските медиуми изјави дека правилата се за да се почитуваат, но дека не можела истите да ги испочитува до крај.
„Го прекршив правилото кое што го испочитуваа сите девојќи во репрезентацијата. Вистина е дека моето момче доаѓаше во собата во која што бев сместена во хотелот, мислејќи дека никој нема да дознае. Знам и дека ќе бидам казнета поради ова“, изјави Маркез на пресконференцијата за новинарите.
Бразилските медиуми кои што претходно не беа во најдобри односи со нејзе, веднаш ја споредија со поранешната фудбалска ѕвезда Ромарио, како и италијанскиот фудбалски репрезентативец Марио Балотели.
„Маркез е индивидуалец кој што не размислува премногу за тимот, исто како што на времето тоа го правеше и Ромарио, а сега и Балотели. Ветуваше дека во последно време ќе се промени, но попусто“, пишуваат бразилските весници.
Бразилките сега ќе имаат проблем, поради тоа што е касно да повикаат нов играч, а уште пострашно за нив е тоа што голем дел од играта се осврнуваше на Маркез.

Share Button

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1