Околу 70.000 евра вкупно успеал да украде крадец од стан во Скопје.
Крадецот во станот провалил во периодот од 26 до 03 август, кога сопственикот бил во Белгија. Станот е на ул. „Павле Илиќ“, а крадецот влегол користејќи соодветен алат за провалување на вратата. 25 годишниот сопственик имал привремен престој бо Белгија и кога се вратил затекнал растурен стан, отворени сефови, а вредните работи никаде ги немало. Пријавил во полиција дека украдени му се 23.800 евра од двата сефа, златен накит, рачен часовник и мобилен телефон. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.