Македонец роден во Солун притворен откако го поставил знамето со шеснаесет зрачното сонце врз централното седиште на полицијата, информира Светскиот Македонски Конгрес
Стилјан Самарџиев бил приведен на двапати – од 1 до 11 и од 16 до 24 август. 24 годишниот Стилјан е Македонец роден во Солун, кој живее во Крушоради, село близу до Овчарани, и е активист во македонските работи во Егејскиот дел на Македонија.
Според СМК тој од 1 до 11 август бил во притвор во Лерин, затоа што на 1 август го поставил семакедонското знаме врз централното седиште на Полицијата во Солун.
На фејсбук напишал дека мрежа фејсбук, дека на 16 август повторно ќе излезе со семакедонското знаме на сегрчката антимакедонска иселеничка средба во Солун, повторно е задржан во притвор на приватна локација од страна на грчката тајна полиција од 16 до 24 август 2012 година. Денес е пуштен на слобода“ соопшти СМК.
Светскиот Македонски Конгрес известува дека не е точно дека Стилјан бил приведен поради дрога како што пишувале медиумите во Грција.
„ Стилјан Самарџиев никогаш не консумирал, ниту се занимавал со поседување и растурање на дрога! Овие лаги се евтина анти-пропаганда на грчката полиција за затскривање на вистинската причина за неговото притворање“. Се вели во соопштението од СМК.