„Македонија е грчка“ на стадионот во Струмица


Педесетина навивачи вчера на грчкиот фудбалски клуб ПАОК, на стадионот во Струмица извадија транспарент на англиски „MACEDONIA IS GREEK“(„Македонија е грчка“). Освен тоа, ја демолирале и трибината, од што биле искршени 40 столчиња.

МВР соопшти дека по реакцијата на делегатот од УЕФА транспарентот биле сокриен, а три минути пред крајот на натпреварот, повторно бил истакнат.

Според неофицијални извори, тоа создало револт кај домашната навивачка група, по што излегле на теренот и почнале да маваат со столчиња, со цел да го прекинат мечот и да ги избркаат навивачите на ПАОК. Домашните навивачи успеаа во тоа, навивачите од ПАОК ги отстраниле од трибината, но, надвор од стадионот имале пресметка со струмичката полиција.

-Откако делегатот на УЕФА почнал да снима со видео-камера, Грците го сокриле транспарентот. По одржан состанок, делегатот на УЕФА донел одлука навивачите на ПАОК да бидат отстранети од трибините и да бидат качени во автобуси, по што дошло до туркање на поединци со вработени во агенцијата за обезбедување „НИКОБ“. Притоа интервенирала македонската полиција. – додава МВР.

Автобусите со навивачката група на ПАОК, во 20:40 часот ја напуштиле територијата на Македонија преку граничниот премин Богородица.

Во натпреварот изгубија домашниот женски фудбалски клуб „Наше такси“ со 0-1.

Share Button

Tags: , , , , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1