Македонски војници во Авганистан останале живи благодарение на Хрвати – нашинци од таму велат ,,напумпано,, инфо


Извлечени биле 38 балкански војници од Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина, од воена база во Кабул со интервенција на хрватските пилоти, пренесува Јутарњи лист.  Сепак нашинци во Авганистан велат дека информацијата е ,,напумпана,, и воопшто не станувало збор за спасување туку за обичен транспорт. Ви ги пренесуваме двете информации.

Откако оцениле воздухопловните сили на САД дека безбедносната ситуација не дозволува летови над Кабул, 18 припадници на хрватската војска во вторникот, успеаа да излезат од Кабул и да го напуштат Авганистан, пишува Дневник.

И покрај безбедносниот ризик, Хрватските пилоти прифатиле да летаат над Кабул, каде спасувале македонски војници, а се разбира и своите колеги. акцијата била од висок ризик, па бил позајмен авганистански хеликоптер што го управувале хрватски пилоти, а американски маринци овозможиле дополнително обезбедување.

„Сите се живи и здрави“

Според првичните информации, во акцијата биле спасени осуммина инструктори од АРМ. Македонските војници биле дел од тимот инструктори на земјите од Јадранската повелба, кои ги обучуваат авганистанските сили во бази во близина на Кабул. Министерството за одбрана ја потврди информацијата, која ја објави хрватскиот “Јутарњи лист”.

– Станува збор за осум припадници на АРМ, кои биле транспортирани со хеликоптерот, управуван од хрватски пилоти. Тоа се инструктори кои беа во мисија за обука на воената полиција. Сите се живи и здрави, утре треба да пристигнат во Скопје – изјави за „Дневник“ Селвет Барути, портпарол на Министерството за одбрана.

Влошена е ситуацијата по насилните протести во Авганистан

Ситуацијата се влошила кога во вторникот, 30 припадници на воената полиција биле префрлени во американската воена база Баграм, надвор од главниот град на Авганистан, пренесува Курир.

Локалното населенио во Авганистан било испровоцирано од филмот „Невиноста на муслиманите“, па затоа се решило на бунтови. На терористички напади постојано се изложени припадниците на меѓународните сили, како и нивните бази.

Заради бунтот американските хеликоптери не смеат да полетуваат од базата Баграм. Хрватските пилоти сепак решиле да избегаат и да ги извлечат своите колеги од Кабул. Префрлувањето во базата Баграм траело вкупно околу 30 минути. Сите војници, вклучувајќи ги и тие од Македонија, се префрлени во транспортен авион и полетале за Киргистан, па од таму во своите родни земји.

Сепак според македонци кои се во Авганистан ситуацијата воопшто не била драматична и не се работело за спасување туку за обичен транспорт. Еве што нашинец во Авганистан вели за оваа ситуација на својот фејсбук профил – ви го пренесуваме неговиот коментар во целост

,, Леле…леле…драми…Аман бре луѓе…Доста со ширење дезинформации. Какво херојско спасување…какви глупости. Редовно транспортирање на војска направивте херојско извлекување од база. Па како го замислувате вие тоа? Базите, посебно во и околу Кабул се големи и безбедни. Не била ниедна база никогаш, па и не сега под опсада и тоа не е можно. Не била ни таа база под опсада, па Хрватите да ги спасуваат нашите војници. Едноставно, се случува да има прекин на летовите, од безбедносни причини или од лошо време(кај мене до пред 2 дена имаше 5-6 дневен прекин на летови заради бура), и можно е и дури да се работи за цивилен авио превозник кој не сака да лета во тешки услови, посебно ако не се работи за американска војска. Во таква ситуација, Хрватите летале, и ги транспортирале нашите војници. Ова се случува често, па и ние како цивили, кога нашиот превозник не лета, летаме со воени хеликоптери. Никој не не извлекувал од опсада во таквите ситуации, па дури и да имало нарушена безбедност надвор од базите…повторувам…надвор од базите…, туку тоа бил нормален транспорт. И нема никаква зголемена опасност во Авганистан заради анти-муслимански филм, посебно не за цивилите. Најголем дел сме постојано во воени бази, со заштитa. Доста не правете драми, имаме семејства дома кои се загрижени за нас.,,

Tags: , , , , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1