МВР: Разузнавачот сам си пукал во срцето – не е убиство


Разузнавачот Јонче Груевски не бил убиен, потврди МВР по направените анализи. Според информациите, Груевски во петокот вечерта сам се застрелал во срцето. Од МВР не излегуваат со информиации дали станува збор за самоубиство или несреќен случај, пишува Прес24.

Разузнавачот починал како последица од прострелна рана. Утврдено е дека куршумот бил од неговиот пиштол, пукано од близина – додека пиштолот бил потпрен на градите на починатиот. Според екпертите значи дека немало знаци на борба. Парафинската ракавица пак покажала дека на раката на починатиот има барутни честички.

Јонче Груески, вработен во агенцијата за разузнавање беше пронајден мртво во канцеларија во просториите на агенцијата, во петокот. Настанот го пријавиле дури лекарите од болницата каде било однесено неговото тело. Се шпекулирање дали е убиен или пак се работи за самоубиство. МВР сеуште нема детали дали се работи за несреќен случај или Груески си го одзел животот.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1