На Маите им дојде преку глава – не лажете народ нема крај на светот


Маите во Гватемала ја обвинија владата и туристичките организации за ширењето на митот за крајот на светот и обидот од тоа да направат пари.

Имено Министерството за култира на Гватемала огранизира масовна манифестација на која се очекува да присуствуваат повеќе од 90.000 луѓе, а претставниците на Маите побараа да се откаже манифестацијата.

„Го креваме гласот против измамите, и користење на нашиот фолклор во извор на профит“, тоа ја навредува нашата култура. изјави Фелипе Гомес, претседателот на здружението на Маите.

Календарот на Маите започнува во 3114-та година пред нашата ера и го дели времето на периоди од 400 години – бактуни. Има вкупно 13 бактуни, а последниот е на 21.12.2012 година, но велат на 21 декември престанува еден календарски циклус, но не и светот. Ќе има големи промени, рамнотежа со природата но не крај на свет, се вели во соопштението на Маите.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1