Невеста почина – за време на фотосесија во невестински фустан паднала во водопадот (Видео/Фото)


Невестата самата ја избрала локацијата – прекрасните водопади за да ја направи невестинската фотосесија, брзата вода ја повлекла и поради тешкиот фустан, 30 годишната девојка веднаш потонала. Нејзиното тело е најдено 4 часа подоцна.

 

Жената, од градот Лавал северно од Монтреал, Канада, загина во својот невестински фустан при фотосесија на Ouareau реката во близина Dorwin Falls, северно од Монтреал.

Двојката се венчала на 9 јуни но невестата сакала да има повеќе фотографии во невестинскиот фустан. Самата одбрала да се слика на водопадите.

Познато туристичко место и прекрасна природа. Влегла со нозете во водата, но фустанот кој имал огромна корпа се наквасил и почнал да тежи – ,, се лизгам, се лизгам,, викала секунда пред брзите струи да ја повлечат во смрт.

30-годишната жена, кој не е именувана, бидејќи не се известени сите од нејзиното семејство, стоела на карпа кога се лизнала и паднала вчера околу 14:30. Нејзиното тело беше пронајдено неколку часа подоцна, околу 06:00.

фотографот се обидел да ја спаси но не успеал – брзите струи ја повлекле во нејзината смрт. Видно вознемирен и тој е хоспитализиран.

Телото било пронајдено на дното на езерцето.

Видео од изјавата на фотографот и снимки од местото ОВДЕ

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1