Новинарите VS Тв газдите – добиен 1 случај за нелегални откази во 24 вести (Видео)


Пред повеќе од 1 година околу 15-сетина новинари од Тв 24 Вести беа избркани од работа, (речиси комплетниот стартен тим на телевизијата) во период од само 2-3 месеци.Нивната голгота наидуваше на многу сопки и од институциите и од колегите новинари, затоа одлучија и јавно да проговорат, а покренати беа и неколку тужби за нелегалните откази. Тогаш новинарите тврдеа дека се плански избркани зошто ,,не биле послушни,,

24 вести незаконски и дал отказ на новинарка – ова е пресудата на основниот суд во првиот добиен случај против ТВ 24 вести.

Како што објави Синдикатот на новинари тужбата на новинарката Александра Смилевска против ТВ 24 вести е добиена на првостепено ниво.

Основен Суд Скопје 2 пресуди дека Смилевска е незаконски отпуштена во јули 2011 и наложи работодавачот да ја врати на работното место. ТВ 24 има право на жалба. ССНМ обезбедува правна помош за уште двајца колеги од истиот медиум кои беа отпуштени без почитувана процедура.

Пред повеќе од 1 година околу 15-сетина новинари од Тв 24 Вести беа избркани од работа, (речиси комплетниот стартен тим на телевизијата) во период од само 2-3 месеци. Новинарите тогаш се жалеа дека добивале незаконски откази, дека им се фалсификувани договорите за работа односно иако сите имале договори на неопределено време, биле пријавени на определено.

Упорно инсистирале да ги добијат копиите од своите договори, но и покрај наложеното од трудовата инспекција тие не ги добиле. Им биле врачени само фотокопии од договор каде со пенкало било прешкртано НЕопределено и договорот така станал договор на определено време. За се ова новинарите тогаш  ги известија и трудовата инспекција и МВР. А и јавно проговорија за она што им се случува.

Во исто време 24 вести покренале тужба против тогаш главниот и одговорен уредник на телевизијата Анита Петровска и ја тужеле за клевета, бидејќи уредничката застана на страната на новинарите и во гостување во емисијата ,, Миленко Шоу,, јавно зборувала за неправдата која оваа телевизија им ја сторила на повеќе од 15 вработени новинари.

Судот во прво степена постапка им ја одбил тужбата како неоснована, се жалеле на апелација, вратено е на повторно судење и судот ПОВТОРНО пресудил дека нема елементи за клевета. Петровска исто така доби отказ и во процедура е нејзиниот предмет во основниот суд Скопје.

Новинарите револтирани од фактот што со месеци се молчеше за нивниот случај, разочарани од она што се случува во фелата снимија и песна во која со прст покажуваат на се што не чини во новинарството и општеството – песната ја насловија ,,Фупе Фупе,, а се однесува на сите кои си го дале ,,задникот,, на сметка на достоинството.

Ова е емисијата каде уредничката заедно со еден куп избркани новинари од тимот проговорија за тоа што им се случи во 24 вести.

 

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1