За време на литургија верниците забележале како на една од застаклените икони се појавува светлост која подоцна се отсликала како нов лик – икона врз веќе постоечката. Ова го објави порталот за духовни вредности Премин.
Еве што за оваа појава напиша порталот
,, На празникот на светите седуммина младенци во Ефес и светиот маченик Козма Рамноапостолен, во текот на Божествената Литургија ја забележавме оваа чудесна пројава на светлина на иконата на св. пророк Илија. Во помал интензитет истотo се слиучи и со иконата Кршетвањето на нашиот Господ Исус Христос. Благодатта Божја и Неговата голема милост преку посредувањето на св.вмч. Димитриј сеуште е со нас во нашата Црква. Нам ни преостанува храбро, со дела, во подвигот на љубовта и зацврстувањето на верата во нашитер срца бескрајно да Му благодариме на Бог за се. ,,
„Христијанството започнало со чуда, ние веруваме во чуда и веруваме дека тие постојано се случуваат…“