Обезбедувањето во Собранието на Република Македонија ги принудува претставниците на медиумите и собраниските известувачи да ја напуштат галеријата на пленарната сала.
Лицата за обезбедување ги информирале новинарите дека треба да ги напуштат местата предвидени за нивна работа.На ова имало реакции од новинарските екипи присутни во Собранието, а веќе со официјална реакција се огласило и Здружението на новинари на Македонија до претседателот на македонскиот парлемент Трајко Вељановски.
Пратениците од опозицијата во овој обид за отстранување на новинарите гледаат можност на специјалните сили за безбедност да ги тргнат пратениците од опозицијата од собраниската сала.
Инаку, како што информираат од собранието, пратеничките на опозицијата Весна Бендевска и Билјана Казанџиска биле префрлени на Ургентниот центар. Бендевска имала симптоми на скршеници на ногата, додека Казанџиска покажувала знаци на потрес на мозок и зголемен крвен притисок.
Од пратениците од владеачкото мнозинство негираат дека пратеничките биле повредени од нивни пратеници и велат дека тие биле повредени во метежот од службите за обезбедување.
Нова Македонија