Управниот одбор на Македонски пошти вечерва на вонредна седница ќе одлучува од каде ќе се управува со претпријатието до санирањето на штетата во главната зграда во која денеска избувна пожар.
Според директорот на Македонски пошти Рафиз Алити, на седницата ќе се разговара и за последиците од пожарот.
Тој посочи дека поштата нормално ќе работи.
Управата на Македонски пошти ќе функционира во објектот на Пошта 2, лоциран кај новата Железничка станица
Две лица се во болница – Експлозија на плинска боца ја запалила пошта?
Видео – Поштата во пламен – пожарот се шири
Целосно изгаснат пожарот што попладнето избувна во главната зграда на Македонски пошти во центарот на Скопје, потврди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица Благоја Менковски.
Според првичните информации опожарени се дел од фоајето и неколку катови од објектот.
Во гаснењето учествувале 40 пожарникари со 20 противпожарни возила.
Едно лице е пренесено во Клиниката за хирушки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, поради гушење.
Директорката на Клиниката, Јасмина Чабуковска информира дека станува збор за маж на околу 35 години кој се пожалил на тешкотии при дишењето. Тој е во стабилна здравствена состојба и во моментов е на опсервација.
Вработена во Пошта преку прозорец спасена од пожарот
Се претпоставува дека пожарот избувнал во сервер салите во Македонски пошти.
Директорот на Македонски пошти Рафис Аљити рече дека во моментот на избувнување на пожарот бил во својот кабинет, кога вработените го информирале дека има пожар, по што веднаш вработените биле евакуирани. Една вработена која била заглавена во просториите, била извадена преку прозорец од третиот кат со помош на скали.
Портпаролот на СВР Скопје Лиза Бендевска информира дека пожарот бил пријавен во 16 часот и 20 минути.
Очевидци тврдат дека пред избувнувањето на пожарот слушнале силна експлозија.
На местото на настанот вечерва беа и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
ФОТО: Гори поштата во центар на Скопје