Професор во средно училиште во грчкиот град Пијерија, кој е уапсен пред две години поради детска порнографија, поставил скриени камери во училниците и тајно ги снимал децата, утврдила полицијата во лабораториските анализи на компјутерските фајлови, кои биле пронајдени кај уапсениот професор.
Полицијата денеска соопштила дека кај четириесет и две годишниот професор се пронајдени вкупно 80 компјутерски видео снимки, а скриената камера била поставена на место во училницата преку која што можел тајно да ги снима гениталните зони на своите ученици, пренесува грчката новнска агенција АНА.
Обвинетиот е уапсен во јануари 2010 година, поради што полицијата го претресла неговиот стан кај местото Агиос Павлос во близина на Солун, му го одземале компјутерот, пет хард диска, 42 компакт диска, а биле пронајдени и 3000 фајлови кои биле поврзани со детска порнографија.
Резултатите од досегашната анализа на одземениот материјал се доставени до обвинителството во Солун, наведува грчката агенција АНА.